Македонија
Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово успешно го реализираше 38. традиционалното искачување на Титов Врв
Оваа година на настанот учествуваа 650 планинари, од 45 различни планинарски друштва и 7 различни земји. Од нив 630 планинари го освоија и самиот врв, втор по големина во Македонија. Настанот беше посветен на проф. д-р Љупчо Меловски. Претставници од Македонското еколошко друштво и Истражувачкото друштво на студенти биолози беа дел од организацијата на настанот. На еден од пунктовите секој учесник можеше да пристапи кон „Тимот на Љупчо”, којшто ја промовираше новата апликација за биодиверзитет.
Грижејќи се за природата и заштита на животната средина, беше спроведена и акција за чистење отпадоци и смет на Попова Шапка. Членовите на клубот заедно со дел од учесниците настанот во саботата, на 25 мај, се вклучија во предизвикот познат како #TrashTagChallenge и успешно го расчистија сметот околу хотелот „Попова Шапка“.
Активностите продолжија со трибината на тема „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите“ и натпреварот помеѓу планинарските клубови во брзинско местење шатори. Најдобриот клуб си понесе дома награда шатор.
Во холот на хотелот, учесниците можеа да погледнат изложба, на тема „Попова Шапка низ времето”. Изложени беа брошури, флаери и останати промотивни материјали од далечната 1938 година па до денес.
Активностите во саботата завршија со официјалното свечено отворање, каде што Планинарскиот клуб „Љуботен” ги поздрави сите учесници и им се заблагодари на сите помагачи и поддржувачи на настанот. Генерален спонзор на настанот веќе години наназад е „ТТК банка“ АД СКОПЈЕ.
Вчера пред платото на хотелот „Попова Шапка“ беше поставен штанд, каде што секој планинар можеше да го пријави своето учество и притоа да си подигне маичка со логото на ЕУ за ТЕБЕ, обезбедени од Делегaцијата на ЕУ како поддржувачи на настанот.
Во точно 6 часот и 30 минути групата го почна искачувањето кон врвот. Како дел од колоната покрај членовите на клубот, беа и учесниците од обуката за професионални водичи во планина од МАИВП – Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина, кои работат по IML (international mountain leader) стандард и медицинска екипа од санитетскиот покровител на настанот – Медика Истанбул, кои се грижеа за безбедноста на учесниците при искачувањето. По должина на патеката беа поставени и четири пункта, каде што учесниците можеа да се обратат за прашања и помош. Во периодот од 10 до 12 часот на врвот пристигнаа 630 планинари кои по кратка пауза и задолжителната слика со кулата на самиот врв се упатија назад кон Попова Шапка.
Настанот официјално, безбедно и во најдобар ред заврши во 16 часот, со пристигнување на сите учесници пред платото на хотелот „Попова Шапка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено
Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село. На почетокот на градежните активности беше и премиерот, Христијан Мицкоски.
„Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме сето она што сме се обврзале пред граѓаните и сето она што сме го ветиле. Дел од тие проекти е и овој проект, како и други повеќе од илјада проекти коишто во овој момент се во фаза или почетна или во некоја поодмината фаза или во завршна фаза коишто се реализираат, а се резултат на онаа поддршка што општините ја добија од Владата изминативе година и половина во вредност од речиси половина милијарда евра, бидејќи само три стотини и педесет милиони евра се проектите коишто се дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, кога на тоа ќе се додадат проектите коишто ги имаат одредени министерства надвор од овие две програми тогаш доаѓаме до фантастични половина милијарди евра, нешто што досега никогаш не е направено во поновата историја на Македонија“, рече Мицкоски.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и кредит од 6 милијарди евра
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и земање кредит од 6 милијарди евра, со кој, како што наведуваат, би се финансирало нивното сместување, исхрана и изградба на социјални станови.
„Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа ‘патриотската’ политика на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека тие се партијата ја внела Северна Македонија во НАТО со цел зајакнување на безбедноста и заштита на државните граници, додека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ со вакви планови ја загрозува безбедноста на државата.
Во соопштението се наведува дека државата, како што тврдат од СДСМ, нема финансиски средства, па би земала кредит што би го враќале идните генерации, со цел сместување на мигранти кои, според нив, други земји од Европската Унија ги депортираат за да ја зачуваат сопствената безбедност.
СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна да обезбеди ниту еден мал прифатен центар, наведувајќи дека мигрантите демолирале таков објект, и изразува сомнеж во можноста за сместување поголем број мигранти во земјата.
Во соопштението се посочува и дека мигранти веќе пристигнале во Албанија и Косово, а се тврди дека следна на ред би била Северна Македонија.

