Спорт
Тепачка за влезници во Торонто – за два билета платил речиси 57.000 долари!

Анонимен НБА навивач платил неверојатни 56.876 долари за две влезници за да може првиот меч од финалето Торонто-Голден Стејт да го гледа од прв ред, на самиот терен. Ова го пренесе како информација Дарен Ровел, новинар упатен во настаните поврзани со НБА.
Мечот во Канада привлекува незапамтен интерес, па цените на билетите вртоглаво растат и се продаваат за „големи пари“.
За оние кои сакаат да седат во популарниот „голубарник“ во „Ер Канада центарот“, односно највисоко на трибините ќе треба да одвојат 1.500
Првиот меч во финалната серија се игра ноќта меѓу четврток и петок во 3 часот.
$56,876.77: What someone just paid for a pair of two courtside seats on StubHub to Game 1 of the NBA Finals on Thursday in Toronto ($76,477.50 in Canadian $). pic.twitter.com/y1op1gTCNN
— Darren Rovell (@darrenrovell) May 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.