Македонија
Како македонската дијаспора испраќа подароци?
„Среќен брак! Да сте вечни! Уживајте во денот иако јас не сум таму. Те сакам, Роко од Алјаска“ – една од многуте пораки кои заедно со внимателно одбран подарок е доставена преку www.ex.mk.

Веќе 10 години секојдневно ги поврзуваме Македонците ширум светот со нивните блиски роднини и пријатели од Македонија. Иако www.ex.mk беше отворен како страна за е-купување за македонскиот пазар, многу брзо стана користена за подарување од страна на нашата дијаспора.

Ги запознавме и новиот и стариот бран на дијаспората, но и едните и другите имаат еднакво побарување: да го надоместат отсуството со прикладен подарок и, најважно, да ја испратат својата порака до своите блиски. Пораката што ја додаваме на соодветна картичка е најважниот дел од секоја нарачка.

Букет цвеќе, балони, бонбониери, персонализирани подароци, вински корпи, парфеми, козметика, играчки, подароци за новороденчиња, па сè до комплетно опремување на станови со мебел е она што најчесто го бараат. Од пред неколку години овозможивме и испорака на платежни картички за подарок со дизајн соодветен на настанот (роденден, свадба, дипломирање) со што го олеснивме и испраќањето парични средства.
www.ex.mk нуди можност за брзо одбирање, нарачување и безбедно онлајн плаќање. Воедно клиентите можат однапред да одберат датум за испорака, што најмногу им одговара на оние кои не сакаат да го заборават роденденот на своите блиски.
„Испорачуваме извонредност бидејќи тие тоа го заслужуваат“ е нашиот единствен критериум – Билјана Радоњанин, менаџер на „Ексквизит“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот“: „Стоп за Усје“ повторно излегува на улица
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, со најава дека во среда на 21.01.2026 во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот.
Според најавата датумот на протестот е во
„Листата на барања кои ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи Никој од нив не одговори Ништо, ниту пак не повикаа на разговор, повторно излегуваме на блокада, за да им покажеме дека ќе бидеме упорни се додека не ги исполнат нашите барања!
Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден ! Излези, затоа што Воздухот нема да се исчисти сам!“
Со оваа порака, велат дека упатуваат јавен повик за мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје, како израз на револт и долгогодишна загриженост за здравјето на сите жители, а особено на децата.
„Усје сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Сè дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува.
Оваа блокада произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот!.
Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го кренеме својот глас на блокадата.“
Локацијата на протестот, според најавеното ќе биде на раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (правец кон Усје)
Македонија
Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје.
Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа.
За функцијата беа пријавени пет кандидати. Освен Фидоски и Бубевски, кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Македонија
Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар
Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар, информира градоначалникот на општината Горан Герасимовски.
„Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.
Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“.

