Регион
Брнабиќ: Ако ЕУ се залага за владеење на правото, нека го почитува и самата

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија главно гледано е позитивен, но, сепак, има неколку работи што се нејасни. Брнабиќ особено ја критикува ЕУ дека применува двојни аршини кога станува збор за Косово.
„Загрижена сум од недостигот од конкретна реакција на ЕУ за сето она што се случува. Пред сѐ, денеска е 2.226. ден од потпишувањето на бриселскиот договор и обврската за формирање на заедницата на српските општини (ЗСО). Брисел е гарант на договорот и ЕУ гарантира негова примена“, нагласи Брнабиќ, пренесе „В92“.
Таа изрази загриженост и за недостигот од реакција на инцидентите, меѓу кои и за вчерашниот, и нагласи дека Приштина ги крши ЦЕФТА-спогодбата и Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Брнабиќ е децидна дека ова не е ЕУ во која таа верува.
„Ако ЕУ се залага за владеењето на правото и ако толку инсистира на тоа, нека инсистира на владеењето на правото и кога се тие во прашање. Нека гарантира примена на бриселскиот договор и на ЗСО“, истакна Брнабиќ и потенцира дека Србија продолжува по својот европски пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.