Скопје
Промовирана мобилната апликација „Патувај зелено“ на Град Скопје
Град Скопје во петок (19.09) ја промовираше новата андроид апликација „Патувај зелено“, преку која граѓаните во реално време ќе може да добиваат информации за сообраќајните текови во градот и да го одберат најкраткиот, најекономичниот и најеколошкиот начин за да стигнат до саканата дестинација.
Град Скопје во петок (19.09) ја промовираше новата андроид апликација „Патувај зелено“, преку која граѓаните во реално време ќе може да добиваат информации за сообраќајните текови во градот и да го одберат најкраткиот, најекономичниот и најеколошкиот начин за да стигнат до саканата дестинација.
Апликацијата „Патувај зелено“ е бесплатна и граѓаните преку својот мобилен телефон може да ја инсталираат преку иконата playstore, со внесување skopje green route и избор на оваа апликација.
Апликацијата ја промовираше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека „Патувај зелено” e фокусиран на секој човек во заедницата и има главна цел да поттикне систематски промени во транспортните навики на граѓаните и институциите и да придонесе во подигнувањето на јавната свест и конституирање на одржливи генерации на Град Скопје.
„„Патувај зелено” претставува навигациска алатка која ќе овозможи постојано информирање на граѓаните за состојбите во сообраќајот, ќе ги промовира можностите за употреба на поеколошки и поекономични начини на превоз и ќе ги квантифицира емисиите на стакленички гасови предизвикани од моторизираниот транспорт во градот. Со еден збор, таа ќе им овозможи на корисниците да го изберат најкусиот, најекономичниот, најбрзиот и најеколошкиот начин на патување до одредена дестинација. Додадена вредност на овој концепт е опцијата за информации обезбедени од граѓаните, со која во реално време корисниците ќе можат да даваат дополнителни информации за сообраќаен застој и тековни сообраќајни состојби. „Патувај зелено” e фокусиран на секој човек во заедницата и има главна цел да поттикне систематски промени во транспортните навики на граѓаните и институциите, и да придонесе во подигнувањето на јавната свест и конституирање на одржливи генерации на Град Скопје“, рече Трајановски.
Тој истакна дека Градот Скопје е прв град во поширокиот регион на Балканот чијшто јавен транспортен модел е инкорпориран во Google’s Transit веб сервисот, со што Градот станува достапен за корисниците на Google во целиот свет.
Тој им се заблагодари на УНДП за финансиската поддршка на овој проект и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство за соработката и реализацијата на проектот.
Проектот е поддржан и од Министерството за животна средина, а се реализира како дел од кампањата за промоција на одржливите видови транспорт – Европска недела на мобилност. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




