Свет
„Боинг“ откри нови неисправни делови во авионите „737 макс“

Компанијата „Боинг“ соопшти дека некои авиони од типот „737“, вклучително и многу авиони „737 макс“, имаат неисправни делови на своите крила, објави Си-ен-ен. Како што се наведува, се работи за новооткриени проблеми, кои компанијата ги детектирала по веќе откриените грешки во софтверот МЦАС.
„Боинг“ ги предупреди сите авионски компании што ги користат неговите модели на авионите „737“ да направат детаљни прегледи на преткрилата од сериите „макс“ и НГ. Серијата „737 НГ“ ги вклучува авионите „737-600“, „700“, „800“ и „900“.
Преткрилата се подвижна аеродинамична површина наменета за зголемување на кревањето, кои се сместени на предниот дел од крилото. „Боинг“ предупреди дека некои од нив можеби не ги задоволуваат производните стандарди и дека е потребно да се заменат.
Најновиот проблем е откриен во моментот кога компанијата „Боинг“ со големи напори се обидува да ја врати довербата во моделите „737 макс“. Авионите од оваа серија се приземјени во повеќе делови во светот по трагичната несреќа на авионите на „Етиопија ерлајнс“ кога се урна во Адис Абеба, при што загинаа 157 луѓе.
Несреќата следуваше по фаталниот пад на истиот модел на авиони од компанијата „Лајан ер“ во Индонезија минатата година кога загинаа 189 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.