Регион
Белград: Осомничениот за шпионажа во полза Хрватска доби три години затвор откако ја признал вината
Вишиот суд во Белград потврди дека со Чедо Чоловиќ, кој е осомничен дека работел за хрватските разузнавачки служби, договорил спогодба за признавање на вината на три години затвор, соопштено е во вторникот во Белград.
Според оваа спогодба, 57-годишниот Чедо Чоловиќ поради кривичното дела од членот 315, став 3 од Кривичниот законик на Република Србија е осуден на казна затвор во траење од три години, се наведува во соопштението на Вишиот суд во Белград.
Осомничен е, како што пишуваат белградските медиуми, дека на хрватската разузнавачка служба ѝ доставувал доверливи воено разузнавачки податоци, како и дека врз основа на неговите информации, наводно, се покренати девет обвиненија за воени злосторства против српски офицери.
За ова дело според Кривичниот законик на Република Србија е предвидена казна затвор од 3 до 15 години, а доколку се утврди дека станува збор за тешки последици за државната безбедност, економската или воена моќ на земјата, најмалата предвидена казана е 10 години затвор.
Судијата од претходна постапка на споменатиот суд донесе пресуда со којашто ја прифаќа спогодбата за признавање на вината од кривичното дело склучен во неделата на 4-ти септември, меѓу Вишото јавно обвинителство на Белград и обвинетиот Чоловиќ, кој во петокот на 2-ри септември беше уапсен под сомнение дека шпионирал во Србија за интересите на Хрватска,.
Судот наведува и дека на Чоловиќ му е продолжен притворот кој може да трае до упатување во некоја од казнено- поправните установи во Србија, а „надолго додека не истече времето на траење на казната изречена во пресудата“.
Обвинителството покрена истрага против Чедо Чоловиќ, осомничен дека шпионирал во позла на Хрватска. Станува збор, како што наведуваат медиуми за лице со двојно српско и хрватско државјанство по потекло од Дрниш во Далмација, кое како поранешен припадник на распаднатата Југословенска народна армија (ЈНА) пота бил офицер на ткн војска на самопрогласената Република Српска Краина во текот на војната во Хрватска. Обвинителството наведе дека тој до првите 1990-те години живеел и работел во Хрватска, по што местото на престој му било во Србија.
Во Србија дошол во 1995 година по операцијата „Бура“ на хрватските безбедносни сили со кои беа протерани паравоените сили на книнските Срби и голем дел од населението, бил уапсен бидејќи наводно се подготвувал да пребегне во Хрватска, бидејќи му било дојавено оти е откриен./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

