Топ
Каменуван автобус на ЈСП во Автокоманда

Петорица малолетници фрлале камења кон автобус на ЈСП кој се движел во правец кон Автокоманда.
Од МВР јавија дека настанот се случил на булеварот „Никола Карев“, а бил пријавен околу 1 часот по полноќ.
Како последица било скршено едно прозорско стакло, но за среќа никој не е повреден.
Малолетниците биле повикани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вработените во штипскиот затвор со различна верзија за дрогата, полицијата и кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и директорот на Штипскиот затвор во врска, за случувањата во штипскиот затвор.
Вработените во реакцијта која ја објави штипската телевизија „М Нет“ велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини кои не кореспондираат со реалноста и превземените службени дејствија на овластените службени лица.
„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна која се пласираше на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поразлична и постапувањето во однос на пронаоѓањето на сомнителни предмети фрлени од страна на лицата кои дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има било што недозволено да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.
Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови со самото разденување повторно е направен обид да се пронајдат предметите при што успешно е пронајдена најлонска ќеса во која е пронајдена и сомнителната прашкаста и тревкаста материја. По нејзиното пронаоѓање превземени се сите оперативно протоколарни дејствија, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР –Штип и крим полиција пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентно е целосното постапување и превземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен.
Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите.
Исто так, сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж.Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети вон работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, истото е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за истото осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата пресконференција!“, напишаа вработени во КПУ Затвор Штип до редакцијата на М Нет-ТВ.
Претходно, Пандов на прес-конференцијата тврдеше дека некој фрлил дрога преку оградата, а откога полицијата во мракот не ја нашла дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Целиот настан го регистрирале безбедносните камери во затворот. Пандов тврдеше дека кога директорот ја прашал затворската полиција и командирот што барале и зошто барале, зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка било дека затвореникот Ж. Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник. Кучката му го зела часовникот додека трчала низ тревникот и му го изгубила, па вработените за да му излезат во пресрет, го барале часовникот, рече тогаш Пандов.
Македонија
(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели.
Фирмата е во сопственост на А. К. (52) од Република Албанија и А. Р. од Босна и Херцеговина, а за време на претресот биле најдени пластични буриња полни со марихуана за кои фирмта не поседува никаква документација.
Од МВР инфрмираа дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А. К. и вработениот Џ. И. (39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, Тетовско.
„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојните дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР.
По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенцијата за управување со одземен имот, а сопственикот и вработениот се приведени.
Македонија
Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите.
Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата.
Тој беше и прашан каков ученик бил, на што одговори: До петто одделение учев со Радмила Шекеринска, со која бевме првенци на генерацијата. Сакаа да ни ги сецираат мозоците за да видат што имаме во главите. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Татко ми ме запиша во средно економско училиште за полесно да ме вработел“, сведочеше таткото на Вања.
Обвинителството со прашањата се обидува да го дискредитира Ѓорчевски за да докаже дека учествувал во заговорот да ѝ се бараат пари на мајката на Вања за откуп.
Обвинетите Манев, Видевски и Кешишев во сведочењата претходно рекоа дека не го познавале Александар Ѓорчевски и ја отфрлија неговата поврзаност во случајот со грабнувањето и убиството на ќерка му. На претходното рочиште и Ѓорчевски рече дека не ги познава и мижи со очите кога сведочат оти повеќе не може да ги гледа и слуша како раскажуваат што му направиле на неговото дете.