Скопје
Повеќе настани по повод 30 годишнината од збратимувањето меѓу Скопје и Нанчанг

По повод 30 години од збратимувањето на Градот Скопје и Нанчанг (Народна Република Кина) претстојнава недела ќе се одржат поголем број настани со што ќе се одбележи овој јубилеј.
Во петок градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Жоу Шулинг (Zou Shuling), заменик-претседавач на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.
Вечерта во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечен коктел, а во 20 часот, по повод Кинеската Нова Година, ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.
Во сабота со почеток во 12 часот во Градскиот трговски центар, ќе се одржи „Кинески пролетен фестивал во Скопје”, каде што присутните ќе можат да се запознаат со дел од богатата кинеска култура. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).
Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.