Црна хроника
Велосипедист паднал и се повредил на Водно
Велосипедист паднал и тешко се повредил возејќи се на Водно. Како што информира полицијата, вчера во 10.30 часот на локалниот пат град Скопје – Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А. С.(26) од с. Виничани, Градско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.
А. С. добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Голема тепачка во Штип, се тепале две групи, а дел од нив побарале лекарска помош
Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип.
Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај.
Црна хроника
Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило и заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд” со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано „ауди” со крушевски регистарски ознаки.
В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.
Топ
Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица
По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека повредено е 19-годишно момче од Скопје кое по пукањето било пренесено во болница.
„Вчера околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.