Контакт

Свет

Зеленски е подготвен за разговори со Русија и приближување кон НАТО

Објавено пред

Новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски, кој претходно ја исклучи можноста за какви било преговори со Русија, изјави дека сега сака да разговара со Москва, но Киев првин сака да се приближи до членство во НАТО, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме за преговори со Русија, подготвени сме да ги исполниме договорите од Минск за мирно решавање на конфликтот во источна Украина. Но, пред да почнат таквите разговори, Украина мора да биде способна да се одбрани и да стане посилна економски, политички и воено“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел.

По изборот, Зеленски рече дека не гледа можност за преговори со Москва и ги повика САД да наметнат повеќе санкции. Тој исто така рече дека сакал да даде нов импулс за кандидатурата на Украина за влез во НАТО бидејќи тековната руска вооружена агресија останува главен предизвик за евро-атлантската безбедност.

Украина аплицира за влез во НАТО во 2008 година, но овие планови беа одложени од тогашниот претседател Виктор Јанукович, кој дојде на власт две години подоцна. По револуцијата на „Мајдан“ и соборувањето на Јанукович во 2014 година, новите власти во Киев повторно го направија членството во НАТО приоритет на надворешната политика.

Минатата година Украина беше ставена на листата со земји аспиранти за НАТО, но шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека ќе треба најмалку 20 или 25 години за Украина да влезе во алијансата.

„Се надеваме дека ќе го обновиме дијалогот меѓу Украина и НАТО на ниво на држави, влади и министри за одбрана“, му рече тој на Столтенберг додавајќи дека Украина ќе мора да спроведе реформи за да ги исполни стандардите на воениот блок предводен од САД за тоа да се случи.

За време на својата кампања за функцијата, Зеленски вети дека ќе стори сè што е можно за да го прекине воениот конфликт во источна Украина, кој почна како реакција на државниот удар во 2014 година и одзеде повеќе од 13.000 животи, според процените на ОН.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека нема да има проблем да разговара со Зеленски. Сепак, тој сè уште не му честитал на новиот украински претседател за преземањето на функцијата тврдејќи дека ќе го стори тоа дури кога ќе се реши конфликтот во Донбас и односите меѓу Москва и Киев се нормализираат.

Секретарот за медиуми во Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Путин и Зеленски може да одржат разговори како дел од т.н. норманденски формат. Москва во неколку наврати изјави дека не е страна во конфликтот во источна Украина, но дека нејзина работа е да најде решение за конфликтот заедно со Германија, Франција и Украина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Објавено пред

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ: Хрватска расте, но не се развива

Објавено пред

Хрватска расте, но не се развива, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој на почетокот на оваа година доби уште еден петгодишен претседателски мандат, со најавата дека повеќе нема да се кандидира на избори за која било позиција.

dobivaj vesti na viber

На Деновите на комуникациите во Ровињ, кои започнаа вчера попладне, Милановиќ зборуваше за глобалните предизвици, политичката средина и важноста на комуникациите, особено во времето на технолошкиот напредок, тврдејќи дека Хрватска останала на одредено ниво во последните 30 години, без оглед на различните промени.

„Хрватска остана во рамките на истата парадигма, истите две партии, слични конфликти на идеологии, истите приказни и обвинувања едни против други“, рече Милановиќ на отворањето на Денот на комуникациите.

Тој додаде дека Хрватска „со сите нови алатки, со вештачка интелигенција, сè уште стои во место, скалите се исти, целите се слични, а БДП расте“.

Во такви околности, според претседателот, Хрватска мора да се праша каде е како мала земја во денешна Европа. „Едноставно, Хрватска расте во значителна мера, но не се развива на вистински начин. Ние сме даватели на услуги, а оваа услуга што ја обезбедува Хрватска и од која живее релативно пристојно, е нешто многу лабилно и не е нешто што гарантира континуитет и неповредливост“, рече Милановиќ, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за положбата на Хрватите во Европа, Милановиќ вели дека нација како Хрватска, Унгарија, Германија, Австрија и речиси сите европски земји е првенствено ориентирана кон себе, а во нејзината основа е себичноста, а не злобата.

„Сите го прават тоа, некои зборуваат малку премногу за тоа, како (унгарскиот премиер Виктор Орбан), но во основа сите се однесуваат така“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека во таква Европа, Хрватска се бори за својот простор, за својата безбедност и за својата одбрана. „Во такви околности, се обидуваме да привлечеме внимание кон себе, притоа внимавајќи никому премногу да не му замеруваме и да добиеме нешто за себе, односно да сме заштитени од надворешни влијанија и од силата на потенцијалните непријатели“, рече Милановиќ. Милановиќ, исто така, рече дека повеќе нема да се кандидира за никаква политичка функција.

„Како што времето минува, и во мојата епизода времето минува. Повеќе нема да бидам кандидат за претседател или за било што во политиката. Полека сумирам некои работи. Сфаќам дека е убаво да се биде во стадото, но во стадото и смрди“, заклучи Милановиќ, објави Хина.

Прикажи повеќе...

Европа

Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Објавено пред

Во Истанбул започна состанок меѓу САД, Украина и Турција, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Засега нема информации дали Рубио учествува на состанокот.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Теми Брус, изјави дека Мајкл Антон, директор за планирање на политиките во американскиот Стејт департмент, ќе ги претставува САД во разговорите со руската делегација.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 минути

Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Во Истанбул започна состанок меѓу САД, Украина и Турција, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи. Засега нема информации...

Македонија30 минути

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија1 час

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија2 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија2 часа

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниту еден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа4 часа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет4 часа

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет4 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија13 часа

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија14 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија15 часа

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...

Македонија17 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија17 часа

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија19 часа

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет19 часа

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...

Македонија20 часа

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија21 час

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...

Македонија22 часа

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...

Македонија22 часа

(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со...