Надворешна политика
Николовски: Потребен е Парламент кој ќе работи во полн капацитет со партиите од власта и опозицијата
На Македонија и е потребен Парламент кој ќе работи во полн капацитет со партиите од власта и од опозицијата, порачал македонскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во понеделникот во Стразбур.
На Македонија и е потребен Парламент кој ќе работи во полн капацитет со партиите од власта и од опозицијата, порачал македонскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во понеделникот во Стразбур.
„Би сакал да го поздравам извештајот за предвремените парламентарни и претседателските избори во Македонија од април оваа година. Изборите беа организирани и спроведени во добра и демократска атмосфера. Беа спроведени според изборното законодавство усвоен од пред изборите на база на меѓупартиски консензус. И власта и опозицијата го поддржа изборниот закон и беа дел од консултациите при измените. Како што и меѓународните набљудувачи забележуваат предизборниот процес и кампањата беа слободни и фер и кандидатите можеа слободно даводат кампања и ги презентираат своите програми. Денот на изборите како што оценија и меѓународните набљудувачи исто така беше слободен и демократски и изборите беа организирани професионално и ефективно“, изјавил Николовски.
Николовски потенцирал дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски ќе се залага за програмата претставена на изборите, насочена кон економски просперитет и евроатлански интеграции, но исто така во неа се одразува разновидноста на македонското општеството, вклучувајќи и Македонци и Албанци и сите етнички заедници кои живеат во Македонија во нејзиниот состав.
„Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, губејќи ги овие избори и соочени со проблематично водство, одлучија да го бојкотираат новиот состав на Парламентот. Ова не е добро за земјата зашто е потребен Парламент, кој ќе работи во полн капацитет со партиите и од власта и од опозицијата. Во тој контекст би сакал да ја поздравам декларацијата на Мониторинг комитетот кој истакнува дека е загрижен од одлука на Социјалдемократскиот сојуз и ја повикува целосно да го оствари својот мандат и да се врати во Парламентот. Исто така ја поздравувам изјавата на комесарот за проширување Филе, кој бара од опозицијата да се врати назад во Парламентот“, изјавил Николовски.
Македонскиот пратеник додал дека земјата ќе остане целосно посветена на исполнување на сите други критериуми, неопходни за уште подобри избори во иднина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.