Скопје
Пуштено во употреба ново спортско игралиште во Реонски центар „Аеродром“
Ново повеќенаменско спортско игралиште беше пуштено во употреба во среда во Реонски центар „Аеродром“.
Ова е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија, а исто така и Општина Аеродром до сега има изградено повеќе од 20 вакви повеќенаменски спортски игралишта.
„Сите игралишта во Општина Аеродром граѓаните можат да го користат бесплатно. Општината ќе продолжи да гради вакви спортски терени на сите оние места каде што недостасуваат сè со цел жителите на општината да имаат каде да спортуваат“, изјави градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.
На спортското игралиште ќе може да се игра ракомет, фудбал и кошарка. Вкупната површина на повеќенаменското игралиште заедно со обиколната патека изнесува 1.300 квадратни метри и содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша.
Игралиштето е оградено со транспарентна жичана ограда висока шест метри и е целосно осветлено за да може рекреативно да се користи и во вечерните часови.
Исто така, предвиден е паркинг-простор за околу 20 возила, а дворот на училиштето е партерно уреден со пешачки патеки, клупи за седење и канти за отпадоци, како и тревници, цвеќиња и друг вид хортикултурно уредување поврзано со автоматски систем за наводнување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

