Контакт

Надворешна политика

Прва средба на македонски и египетски претседател во 20 години дипломатски односи

Објавено пред

– (Иванов на средба со шпанската делегација предводена од кралот Фелипе VI

dobivaj vesti na viber

Македонскиот претседател во Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, покрај повеќето билатералн исредби што ги имаше со своите колеги светски челници, во петокот се сретна и со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, што претставуваше прва средба на ниво на претседатели во 20-годишните дипломатски односи меѓу двете земји.
 

Македонскиот претседател во Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, покрај повеќето билатералн исредби што ги имаше со своите колеги светски челници, во петокот се сретна и со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, што претставуваше прва средба на ниво на претседатели во 20-годишните дипломатски односи меѓу двете земји.

 

Двајцата претседатели изразија подготвеност за натамошното зајакнување на севкупните односи меѓу Македонија и Египет. Како прв чекор во таа насока, беше договорено во наредниот период да се зајакнат политичките контакти на сите нивоа. Претседателот Иванов ја прифати поканата за негова посета на Египет. Како приоритетни сфери на кои треба да биде ставен акцентот беа посочени, соработката во економската сфера, зголемување вкупниот обем на трговската размена, соработката во сферата на културата и образованието, и унапредување на договорната сфера меѓу двете земји. Претседателот Иванов и претседателот ал-Сиси разменија мислења за случувањата во регионот на Југоисточна Европа и на Блискиот исток. Двајцата челници изразија подготвеност за соработка меѓу двете држави и на мултилатерален план. Претходно во четвртокот Претседателот Иванов оствари средба и со претседателот на Полска, Бронислав Коморовски. Двајцата соговорници констатираа притоа дека односите меѓу двете земји се пријателски, без отворени прашања, и со плодна соработка во сите сфери од заеднички интерес. Иванов го реафирмираше интересот за развој и унапредување на економската соработка во контекст на зголемени контакти на бизнис заедниците и граѓаните на двете земји, како и за интензивирање на соработка во областа на образованието и културата.

Македонскиот претседател, исто така, искажа задоволство од континуираниот политички дијалог, и воедно изрази благодарност за отворената поддршка од Полска во однос на евроатлански пат на земјата, додавајќи дека очекува истата да продолжи и во иднина.

Иванов апелираше за почетокот на преговорите со Македонија да биде на дневен ред на декемвриските состаноци на Советот на ЕУ со цел да се донесе одамна заслужената и долгоочекувана одлука за нашата држава. Во контекст на НАТО, Македонија бара почитување на меѓународното право, меѓународните договори и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, и во таа насока очекува поддршка од Полска, истакна Иванов.

„Ширењето на зоната на слобода и стабилност во регионот на Балканот, особено денес, кога сите земји се соочуваат со сериозни закани и предизвици, е придобивка и за Алијансата и за нашиот регион“ нагласи Иванов, додавајќи дека во контекст на ЕУ, Македонија очекув аи во нејзинито случај да се применат позитивните примери од регионот, на паралелно движење во интеграцијата и надминувањето на билатералните прашања.

Претседателот Коморовски од своја страна истакна дека Македонија може во Полска да гледа како на земја партнер и поддржувач во однос на нашите севкупни евро-атлантски интегративни процеси, дополнувајќи дека процесот на проширување на ЕУ и НАТО мора да продолжи со државите од западен балкан.

Иванов средбата ја искористи да упати честитки за изборот на полскиот премиер Доналд Туск за претседател на Европскиот совет. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните случувања во Украина, при што претседателот Иванов истакна дека Македонија се залага за деескалација на тензиите, и ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата. Иванов во Обединетите нации имаше средба и со претседателот на Латвија, Андрис Берзин, при што побара поддршка за Република Македонија за време на латвиското претседавање со Европската унија. На средбата, двајцата претседатели разговараа за продлабочување и унапредување на билатералните и економските односи, како и за европските и евроатланските интеграции на Македонија.

Иванов изрази задоволство од достигнатото ниво на односите меѓу двете земји, во контекст на политичката соработка кое се традиционално добри и пријателски. Македонскиот претседател се заблагодари за досегашната поддршка и помош којашто Латвија ја дава за македонското интегрирање во евро-атланските структури, и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина, особено кога Латвија ќе го преземе претседавањето со ЕУ од јануари 2015.

Во тој контекст македонскиот претседател истакна дека Република Македонија предолго го чека заслуженото членство во Алијансата, како и следната фаза во интеграцијата во ЕУ. „Македонија бара почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски, и во таа насока очекува поддршка од Латвија и од земјите членки на ЕУ, кои воедно се и членки на НАТО“, рече Иванов дополнувајќи дека е потребно и во македонскиот случај да се применат позитивните примери од регионот, на паралелно движење на преговорите.

Латвискиот претседател Берзин нагласи дека проширувањето ќе биде високо на агендата на латвиското претседателство, и дека дава целосна поддршка по однос на евро-атлантските интеграции на Република Македонија Во една од бројните средби што ги оствари македонскиот претседател во Њујорк, во четвртокот беше и онаа шпанскиот крал Фелипе VI, при што Иванов го покани шпанскиот суверен да ја посети Македонија.

На средбата, исто така, беше изразено задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија. Претседателот Иванов истакна дека во наредниот период потребно е зголемување на политичкиот дијалог и размена на посети на сите нивоа. Во тој контекст македонскиот претседател додаде дека отворањето на македонската амбасада во Мадрид и шпанската амбасада во Скопје е добар чекор за зголемување на политичките односи, и воедно упати отворена покана до кралот Фелипе VI за посета на Македонија.

Иванов изрази подготвеност за искористување на сите можности за натамошно продлабочување на односите во сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на можностите за развој на економската и соработката во културата. Воедно македонскиот претседател додаде дека Република Македонија е дел и придонесува со свој влог во Алијансата на цивилизациите, каде основачи се Шпанија и Турција. Претседателот на Република Македонија, оствари и неформална средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Претседателот Иванов и премиерот Абе изразија задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји кои оваа година ја бележат својата 20-годишнина, особено од нагорниот тренд во политичкиот дијалог. Иванов изрази надеж дека Јапонија наскоро ќе отвори своја амбасада во Скопје, со што севкупната соработка меѓу двете земји би се зголемила и продлабочила. Двајцата соговорници констатираа дека односите ги карактеризира пријателство и меѓусебно разбирање, но и дека постои огромен неискористен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, а особено во економската сфера. Во оваа прилика, претседателот Иванов изрази благодарност за досегашната техничка-економска соработка и за бројните донации и реализирани проекти, и изрази подготвеност за реализација на нови проекти. Иванов на маргините на 69-то Генерално собрание на ОН ја имаше и својата прва средба со новоизбраниот претседател на Словачка, Андреј Киска, при што беше истакнато дека Братислава ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија

На средбата беа потврдени добрите билатералните односи и континуираниот политички дијалог помеѓу Република Македонија и Словачката Република, засновани на долги традиционални врски на пријателство и меѓусебно разбирање. Соговорниците констатираа дека меѓусебната билатерална соработка континуирано се продлабочува, но дека истовремено постои голем неискористен потенцијал за поинтензивна соработка во голем број области од заемен интерес, а особено на полето на економијата, инвестициите, образованието, културата и туризмот. Претседателот Иванов го информираше соговорникот за состојбата со реализацијата на нашите стратешки цели,членството во ЕУ и НАТО, како и за процесот кој се води во рамките на ОН за надминување на билатералната разлика со Грција. Претседателот Киска истакна дека Словачка како и досега ќе продолжи со поддршката на стратешките цели на Македонија, нагласувајќи дека ги подржуваат позитивните примери на паралелно движење во интеграцијата во ЕУ и надминувањето на билатералните проблеми во ЗБ.

 

На средбата која беше прва со новоизбраниот словачки претседател, беа разменети мислења и информации за состојбите во регионот на Балканот, а претседателот Иванов упати отворена покана кон својот колега за реализација на официјална посета на Македонија./крај/мф/ач

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија8 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија9 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија10 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија10 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ10 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет10 часа

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет12 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет12 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет14 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет14 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет14 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет14 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет14 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет21 час

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија24 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија1 ден

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...