Контакт

Европа

ЕУ не воведува економски санкции против Русија

Објавено пред

Челниците на земјите членки на Европската унија одлучија на средбата на врвот во Брисел ноќта кон четвртокот, дека ќе ги зајакнат рестриктивните мерки против Русија, но како и што се очекуваше, без да воведат економски санкции.

dobivaj vesti na viber

„Европскиот совет се согласи да ги прошири рестриктивните мерки кон насочени ентитети, вклучително и Руската Федерација, кои материјално или финансиски ги поткрепуваат акциите кои ги поткопуваат или загрозуваат украинскиот суверенитет, територијалниот интегритет и независноста“, се наведува во заклучоците кои ги усвоија челниците на 28-те земји членки на Европската унија.Листата со споменатите ентитети е биде утврдена до крајот на јули, пренесе AFP. Челниците на ЕУ побараа од Европската инвестициска банка да не склучува нови финансиски аранжмани во Русија, а во рамките на Европската банка за обнова и развој (EBRD) земјите членки ќе дејствуваат координирано за да ги прекинат новите финансиски операции во Русија. Ова се смета за заострување на рестриктивните мерки против Москва којашто западот ја обвинува за украинската криза, бидејќи ЕУ досега забрануваше издавање визи и ги замрзна активите на 72 руски и украински проруски функционери.Пред одржувањето на самитот на ЕУ, според различни дипломатски извори, нови економски европски санкции против Русија беа многу можни под притисок на САД, но исто така некои дипломати сметаа дека европските челници нема да постигнат единство за заострување на насочените санкции на ЕУ против рускиот економски и финансиски сектор. ЕУ сѐ уште се воздржува од воведување опсежни економски санкции против Русија, во прв ред бидејќи би биле погодени интересите на повеќе земји членки.Премиерот на Италија, земја којашто претседава со Европската унија, Матео Ренци, говорејќи за украинската криза пред пратениците од неговата партија во вторникот навечер, предложи да се отфрлат повиците за нова Студена војна и истакна дека Европа не треба да се гради наспроти Русија.Франција, Германија, Луксембург, Австрија, Бугарија, Грција, Кипар, Словенија и претседавачот Италија, не гледаат причини во сегашната ситуација да се воведат насочени секторски трговски и економски санкции против Русија и на самитот, ќе истапат против оваа мерка, изјави во вторникот неименуван западноевропски дипломат за руската новинска агенција Итар-Тасс.Меѓутоа, непосредно пред почетокот на самитот во Брисел, Белата куќа објави дека американскиот потпретседател Џозеф Бајден во вторникот доцна вечерта имал телефонски разговор со грчкиот премиер Андонис Самарас и од него добил поддршка за остар став по прашањето за новите насочени санкции против Русија.САД, кои инаку имаат мал обем на трговска размена со Русија, многу поактивно се залагаат за заострување на санкциите отколку што за тоа се расположени европските земји кои имаат далеку поголема економска поврзаност па дури и енергетска зависност од Москва. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, пак, одби во вторникот да ги коментира информациите дека САД го засилуваат притисокот врз Европската унија со барање за заострување на санкциите против Русија, во врска со украинската криза. Претходно агенцијата Bloomberg пишуваше дека во понеделникот во Белата куќа се одржала затворена средба на претставниците на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама со амбасадорите на земјите членки на Европската унија на којашто било барано Брисел да воведе нови санкции против Русија, при што била упатена закана дека во спротивно ќе биде дејствувано еднострано и ќе бидат воведени санкции против финансискиот и одбранбениот сектор на руската економија, од што штети би можеле да претрпат и некои европски сојузници на САД./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Путин: Сè оди според планот, наскоро ќе му претставиме на светот ново оружје

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција по посетата на Душанбе, каде што рече дека Русија се држи до договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

„Се договоривме со Доналд дека ќе морам да размислам и да разговарам со нашите колеги и сојузници во Москва. И тој ми го кажа истото. Ова се сложени прашања што бараат понатамошно разработување, но ние се држиме до дискусијата што се одржа во Анкориџ“, рече рускиот лидер.

Тој нагласи дека сè уште постои можност за зачувување на Договорот за намалување и ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ).

„Дали овие неколку месеци ќе бидат доволни за да се донесе одлука за продолжување? Мислам дека ќе биде доволно, ако има добра волја (од САД) за продолжување на овие договори“, рече тој.

Сепак, ако САД одлучат дека не се заинтересирани за зачувување на договорот, Путин тврди дека ништо критично нема да се случи. „Во овој поглед, сè оди според планот за нас“, рече тој.

Според него, трката во вооружување е веќе во тек, а некои земји се подготвуваат за нуклеарни тестови. Тој најави дека Русија наскоро ќе ги обнови своите арсенали.

„Ја завршуваме работата и мислам дека наскоро ќе имаме можност да го објавиме новото оружје што порано го најавувавме“, вети Путин.

Путин, исто така, коментираше за фактот дека Трамп сè уште не ја добил Нобеловата награда за мир, нагласувајќи дека американскиот лидер вложува големи напори за прекин на конфликтите низ целиот свет.

„Имало случаи кога комитетот ја доделил Нобеловата награда за мир на луѓе кои не направиле ништо за мирот. Според мене, со овие одлуки тие предизвикале огромна штета на авторитетот на наградата“, рече тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон го врати на функцијата премиерот кој поднесе оставка по само еден ден

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон го повторно назначи Себастијан Лекорну за премиер, само неколку дена откако ја прифати неговата оставка по падот на неговата влада што траеше само една ноќ. Елисејската палата ја потврди веста, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Со изненадувачкиот потег завршува една недела драматични превирања во француската политика.

Лекорну го објави својот кабинет доцна во неделата, но беше јавно критикуван од неговиот министер за внатрешни работи истата вечер. Тој поднесе оставка во понеделник наутро, која Макрон ја прифати, само за претседателот да се предомисли и да го задолжи да го пронајде својот наследник во рок од 48 часа преку итни разговори со политичките ривали.

И покрај овие напори, Макрон се чини дека решението за политичката криза и честите промени на премиерите го гледа во старо-ново име.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон не сака да назначи левичарски премиер: „Сето ова ќе заврши многу лошо“

Објавено пред

Кризниот состанок со политичките сили организиран од францускиот претседател Емануел Макрон не донесе никаков напредок по левицата, оставајќи ја земјата во подлабока криза пред очекуваното назначување на нов премиер.

dobivaj vesti na viber

„Заминуваме без никаков одговор на ништо, освен ако следниот премиер кој треба да биде назначен во наредните часови не е од нашиот политички табор (левицата)“, изјави лидерката на Зелените, Марин Тонделиер, по состанокот што траеше речиси два и пол часа.

„Сето ова ќе заврши многу лошо“, додаде таа, предвидувајќи евентуално распуштање на парламентот. Нема „јасен одговор“ од шефот на државата, рече Оливие Форе, лидерот на социјалистите, кој побара назначување на премиер од нивните редови.

Макрон вети во среда дека ќе именува премиер до петок навечер откако Себастијан Лекорну поднесе оставка во понеделник.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија14 часа

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ17 часа

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет22 часа

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија23 часа

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија1 ден

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија1 ден

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт1 ден

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија2 дена

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ2 дена

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија2 дена

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија2 дена

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија2 дена

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет2 дена

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија2 дена

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион2 дена

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија2 дена

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...