Политика
Заев: СДСМ нема намера да отстапи од своите барањa
СДСМ нема намера да отстапи од своите барања, а тоа се теми коишто мораат да гарантираат слобода и демократија во Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во средата на трибина во Крива Паланка.
Немаме намера да отстапиме. Ова не се пет теми за опозицијата да стане власт. Овие се пет теми коишто мораат да гарантираат слобода и демократија во Македонија, коишто мора да ја гарантираат на крајот слободно изразена волја на граѓаните, што е врв во секоја демократија и од којашто се црпат правата да се управува во име и за сметка на државата. Од тука доаѓа генерирачкото право на власт, да управува во име на граѓаните и апсолутно, додека не гарантираме слободно изразена волја на граѓаните на избори, додека нема избори без страв, без закани, без уцени, без купување, без фингирање, без злоупотреба на сé што постои како можност со инструментите од страна на власта, нема потреба повеќе да се случуваат во Македонија“, изјави Заев.
Според него, никој нема право да ја крие вистината од граѓаните.
„Без разлика дали ќе се отворат преговори меѓу власта и опозицијата, вистината на граѓаните никој нема право да им ја сокрива. Имаме обврска да ја споделиме со граѓаните. Но притоа имаме обврска тоа да го направиме на најможно внимателен начин за нашата Македонија. Оти не би биле опозиција, државотворна, којашто води грижа за државата, ако по која и да е цена, па и по цена на државата, направиме сé, само власта да замине. Ние сме различни од нив. И ние сме поинакви и ќе бидеме поинакви од нив. Ние постоиме за Македонија. Убеденоста во овие докази и аргументи коишто потврдуваат дека не постои слобода и демократија во Македонија, дека не постои слободно изразена волја на граѓаните за време на избори е толку силна, што секако ни дава за право да го ставиме во залог нашиот политички кредибилитет како политичари“, смета Заев.
„Не, ставам сé што имам јас, овие луѓе околу мене како лидери на партии, раководството на општинските организации… Сé додека не успееме Груевски да замине ова нема да застане. Е толку силно веруваме во овие докази и аргументи. Како тоа Заев, јавно, како прв човек во опозицијата, претседател на најголемата опозициска партија, јавно вели: ’Ако ги соопштиме доказите за три дена Груевски треба да даде оставка, а притоа со наведната глава, но за жал и нашата глава ќе остане наведната’. Во која земја го има тоа, претседателот на опозицијата толку силно да ја фрли ракавицата, а го нема премиерот никаде?! Чесен премиер, без тегови на душата, чисто кристално јасно поставен во општеството излегува и вели: ’Ајде Заев, кажувај кои се доказите. Вади ги на маса’. Го нема? Го нема! Го нема заради тоа што знае колку му е валкано владеењето зад него“, заклучи Заев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Професор д-р Атанаско Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки кои тоа ќе го овозможат
Денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која професор д-р Атанаско Тунески зборуваше за мерките во енергетиката што се предвидени во програмата на Движењето „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори.
Професор Туневски рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самојстојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.
„Најважните цели во делот за енергетиката од програмата “Проглас за достоинствена Македонија” се: изградба на 2 гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027, во државна сопственост; почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост, со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна 4 месеци по формирањето на новата Влада; избор на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна 2 години по формирањето на новата Влада; завршување на изградбата на гасоводите: Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција, со што со гасоводна мрежа ќе биде покриено околу 70% од населението во Македонија,; зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30% во однос на 2023-та година; намалување на трошоците за производство на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25% во однос на 2023-та година“, рече професор Туневски.
Тој нагласи дека реализацијата на овие цели ќе овозможат енергетска независност на Македонија преку сериозно зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост.
уневски додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија обезбедува максимум за Македонија преку максимум во енергетиката во Македонија.
Македонија
Крмов од Македонска Каменица: Посебен закон за пензионирање на рударите. 20 години стаж и 10 години бенефициран стаж
Денес, Носителот на листата на Левица во ИЕ3 – пратеникот Борислав Крмов, заедно со членот на Президиумот на Левица – Александар Симонов и советникот од Левица, Тони Стаменковски, остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица.
На средбите со рударите, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат тие, пратеникот Крмов истакна:
,,Во моментов рударите одат во пензија со,
од прилика, 27 годишен стаж и 13 години бенефициран стаж. Во ниедна држава не е така. Секаде е тоа помалку, што значи дека ние како пратеници во Собранието ќе бараме посебен закон за рударство, којшто ќе намали на: 20 години стаж и 10 години – бенефициран стаж”.
Пред граѓаните на Македонска Каменица, Крмов истакна и дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица што се однесуваат на инфраструктурата и заштитата на природните ресурси:
– Целосна обнова и проширување на руралната патна инфраструктура на локални патишта – со цел поврзаност
на секое село до главните транспортни артерии;
– Прогласување за национални богатства на водите, шумите, рудите и минералните ресурси и забрана за нивно издавање под концесија!;
– Ограничување на концесионерството на природните богатства и на јавните добра и услуги, со целосна забрана за давање под концесии на водни ресурси.
Во однос на домашното земјоделско производство и мерките за земјоделството и стопанството, Крмов се задржа на следново:
– Заштита на домашното производство (Made in Macedonia);
– Рестартирање или отворање на нови профитабилни државни компании во секоја стратешка гранка од стопанството како: рудници, металопреработувачка индустрија, откупни пунктови за земјоделски и шумски производи, производство на автохтона храна и пијалоци и многу други стопански дејности.
Стимулирање на задругарството и кооперативите, во сите сфери на здружување е една од мерките во Програмата на Левица. Тука се мисли на работнички кооперации, земјоделски задруги итн.
Оттука, Левица се залага за поттикнување на задругарството преку проектот „Мало селско стопанство“ (т.н. аграрни кооперативи) со стручна, техничка и техолошка, т.е. механизациска поддршка на земјоделските задруги.
Крмов од Македонска Каменица ја истакна и програмската мерка за гарантирани цени за најосновните прехранбени продукти и намирници потребни за секојдневен живот на населението.
Ова е само мал дел од над 1000 мерки и проекти, предвидени во Изборната програма на Левица, нагласи Крмов.
Македонија
Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.
– Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.
– Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.