Скопје
Доделени 714 ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња во Општина Кисела Вода
Вкупно 714 ваучери за еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња додели Општината Кисела Вода во изминатиов период.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, во петок, по 16-ти пат, додели еднократна парична помош од 6.000 денари за семејствата со новороденчиња.
„Живеејќи во време кога намалувањето на наталитетот е глобален проблем од кој ниту една држава нема имунитет, драго ми е што во нашата општина се зголемува бројот на население. Со големо задоволство сакам да констатирам дека со денешното доделување на еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња ја надминавме бројката од 700. Значи, 714 доделени ваучери, 714 новородени деца, 714 нови жители на оваа општина“, истакна Беличанец-Алексиќ.
Додаде дека мерката која беше донесена на нејзина лична иницијатива, како градоначалник на општина Кисела Вода и со која на родителите им се излегува во пресрет на првите потреби за новороденчето, ќе се спроведува сѐ до крајот на нејзиниот мандат.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




