Македонија
(Видео) Јаулески: Димитров е виновен за трајното иселување на двајца врвни млади експерти
Се наоѓаме пред Министерството за надворешни работи, зграда во која е сместен министерот Никола Димитров, министерство и политичар кои се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони, обвини претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
„За Никола Димитров компетентни се лица со завршен факултет, а магистри и доктори на науки не се. Тие очигледно се преквалификувани. Па за нив нема место во државна служба. Владата на Зоран Заев ѝ додели стипендија на ќерката на Никола Димитров за да студира во странство. Ќерката на хрватската претседателка може да студира на сопствен трошок, но ќерката на Димитров мора на наш.
Министерството со кое министерува нејзиниот татко одби двајца млади високообразовани кадри, кои сами магистрирале и докторирале во развиените земји. Примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата е сè поголем. Последните два примера се само капка во океанот на разочарани млади.
Кој им е виновен на иселените млади што не се деца на Димитров или Заев. Во Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите. Зоран Заев ѝ додели 40.000 евра на Јана Димитрова, ќерка на Никола Димитров, а не може да одвои ниту една просечна плата за млади и образовани кадри, кои своето образование го стекнале во странство, а се вратиле во Македонија и сакаат да ги стават своите капацитети во служба на државата.
Ова ли е достапноста на секое работно место за секој – НЕ! Ова е партизираност од невидени размери. Во јавните институции нема место за образовани и способни млади луѓе, тие ја напуштаат државата и не се враќаат. Во јавната администрација се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните кои не се дел од елитата на власта.
Младите разочарани во сè поголем број си заминуваат од државата. Наместо враќање на иселените, тие го зголемија иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат подобро“, порача Јаулески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

