Надворешна политика
Македонија и Хрватска со одлична соработка на полето на одбраната
Со високи воени почести во четвртокот во Генералштабот на АРМ четвртокот беше пречекана висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Хрватска, предводена од началникот на ГШ генерал Драго Ловриќ. кој се наоѓа во официјална посета на АРМ.
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, соработката со ВС на Хрватска ја оцени како одлична, при што посебно се осврна на реализацијата на заеднички проекти во рамките на САД-Јадранската група и заедничкото учество во мисијата ИСАФ во Авганистан, при што го нагласи проектот на школото на Воена полиција на Авганистанските безбедносни сили, каде лидер беше токму Хрватска.
НГШ на АРМ истакна дека билатерната соработка со ВС на Хрватска ќе продолжи да се унапредува, со нагласок на нови проекти кои ќе дадат придонес за побрз прием на Македонија во НАТО.
Изразувајќи задоволство од одличната соработка со АРМ, хрватскиот генерал Ловриќ го нагласи заедничкото распоредување на двете армии во операциите за поддршка на мирот, како израз на огромната доверба, што се продолжува и во рамките на учеството на вежбите, како и во реализација на проектите во рамки на „паметна одбрана“ и друга воено-техничка соработка.
Во оваа прилика, началникот на ГШ на ВС на Хрватска ја истакна школувањето на високи офицери и подофицери во воено-образовните институции на Хрватска, при што тој со особена гордост ја истакна нивната ангажираност. Генералот Ловриќ ја потенцираше безрезервната поддрка од страна на Хрватска за влез на Македонија во НАТО, при што нагласи дека припадниците на ВС на Република Хрватска ќе дадат се таа поддршка да биде искажана.
Заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами , на средбата со НГШ на ВС на Хрватска, искажа благодарност до Хрватска и нејзините вооружени сили за сестраната поддршка на евроатланските интеграции на Македонија, при што нагласи дека соработката на полето на одбраната помеѓу двете земји во наредниот период ќе се развива во нагорна линија.
На средбата во ГШ на АРМ, покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, се разговараше за искуствата од учеството во меѓународните мисии, како и разгледување на безбедносната состојба во регионот, со осврт на емигрантската криза. За време на престојот во Македонија, НГШ на ВС на Република Хрватска, го посети и Центарот за обука на пилоти, каде беше запознаен со капацитетите и можностите за обука./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.