Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од БДП

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми. Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето-долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто-домашниот производ, а, за жал, македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран Заев.
Аболицираниот Заев и неговата криминална банда секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а притоа реализацијата на капиталните инвестиции за првите 4 месеци е катастрофална и е под 10 проценти. Во превод Заев и неговите министри не работат ништо, нема нови капитални проекти, нема школи и градинки, болници, патишта и автопатишта.
Граѓаните со секој нов корупциски скандал на власта го добиваат одговорот каде завршуваат нивните пари, нивните пари завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ и луѓето блиски до власта. Парите на граѓаните се трошат за партиски вработувања, за непотистички вработувања и за криминални тендери и грантови.
Македонската економија е пред колапс, Заев мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата. Доколку Заев тоа не го стори, набрзо ќе соочи со гневот на граѓаните на следните парламентарни избори, каде граѓаните ќе стават крај на неговата трагична политичка кариера“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )