Спорт
Така се прави! У-15 фудбалерите на Рома по титулата ги тешеа ривалите од Милан (видео)

Фудбалерите на У-15 селекцијата на Рома го освоија италијанскиот шампионат, откако со 2:0 ги совладаа Милан, и пофалбите се заслужени, но најмногу за спортскиот однос – тие по победата ги тешеа младите ривали од „росонерите“.
Наместо лудо да ја слават титулата во Равена, момчињата на Рома очигледно беа добро спортски воспитани и решија да си пружат рака со ривалите од Милан. Секоја чест и пример за сите млади фудбалери и спортисти.
This is brilliant.
In a week where there’s been a big debate about sporting behaviour, to see these U15 kids really taking the time to console the Milan players after #ASRoma won the title is everything pic.twitter.com/XyJ39l9iB4
— Paul Rogers (@PaulRogers73) June 14, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нико поради повреда ја заврши сезоната

Дефанзивецот на Борусија, Нико Шлотербек ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Германскиот репрезентативец го скина менискусот на левото колено.
„Отсуството на Нико ќе влијае врз тимот. Тој е многу важен дел од нашиот тим и тоа го потврди со своите постојано добри настапи оваа сезона. Се надеваме дека брзо ќе се врати во форма и ќе го поддржиме максимално“, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
Шлотербек оваа сезона одигра 37 натпревари за Борусија во сите натпреварувања.
За германската репрезентација одигра 30 натпревари.
Борусија утре против Барселона ќе го одигра привот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Спорт
Важна победа за Сакраменто во Детроит, Мајами лесно се спарвија со Филадлефија

Поради финалето во НЦАА, изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само два натпревари. Победи забележаа Сакраменто Кингс и Мајами Хит.
Сакраменто победи во Детроит со 127:117. Кингс се деветти на Западот и се доближија до место во плеј-ин.
До победата во Детроит ги предводеа Зек Лавин и ветеранот Демар Дерозан. Лавин постигна 43 поени, од кои 17 во последната четвртина, Дерозан додаде 37.
Домантас Сабонис оствари трипл-дабл, 19 поени, 15 скока и 10 асистенции, тимот од Калифорнија забележа три победи во низа, тие се на чекор пред Мавс во борбата за деветтото место.
Кај Детроит најдобри беа Кејд Канингем со 35 поени и Тим Хардавеј Џуниор со 19. Детроит се шести на Истокот и најверојатно во првото коло, во плеј-офот ќе играат против Њујорк Никс.
Данкан Робинсон играше во последната четвртина, постигна 12 од 21 поен, а Мајами стигна до очекуваната победа против Филалделфија Сиксерси (117:105).
Хит сега заостанува половина победа зад Чикаго во битката за деветтото место, тие играат против Булс во среда, што би можело да го реши последното место во плеј-ин.
Спорт
(Видео) Флорида Гејторс ја освоија титулата во НЦАА

Универзитетот Флорида успеа да ја освои титулата во НЦАА откако победи во финалето против Хјустон Кгуарс со резултат 65:63.
Гејторс претходно ги победија Норфолк Стејт, бранителот на титулата Конектикат, Мериленд, Тексас Тек, Обурн на патот до нивната трета титула во НЦАА.
Хјустон Кугуарс го имаа последниот напад на мечот, го имаа нападот за победа, но многу лошо го организираа и не успеаја да реализираат на радост на навивачите на Флорида во „Аламодом“ во Сан Антонио.
За МВП на завршниот турнир беше прогласен Волтер Клејтон Јуниор од шампионот Флорида, кој во финалето забележа 11 поени со 5 скока и 7 асистенции. Поефикасен од него беше Вил Ричард со 18 поени, а Алекс Кондон додаде 12. Кај поразениот тим двоцифрен беше единствен Ел Џеј Крајер со 19 поени и 6 скока.