Спорт
Фјури со шоу и со нокаут во втората рунда (видео)

Тајсон Фјури повторно покажа дека е еден од најинтересните боксери во тешка категорија на денешницата, откако го нокаутираше Германецот Том Шварц во втората рунда од мечот во Лас Вегас, приредувајќи шоу во рингот и надвор од него.
30-годишниот поранешен апсолутен шампион во категоријата, го прати Шварц на подот со силен удар со десницата, пред мечот да биде прекинат. Ова беше прв меч за „Џипси кинг“ по контроверзното реми со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер во декември, и прв меч по потпишувањето на богатиот договор со „ЕСПН“.
Шоуто беше загарантирано – Фјури влезе во рингот со песна на Џејмс Браун како Аполо Крид од филмовите Роки, облечен со американското знаме. Кога почна мечот, Фјури беше безмилосен против 25-годишниот противник, пред во втората рунда да тргне во напад. Тука не беше крајот – по мечот тој го продолжи шоуто пеејќи песна на Аеросмит.
Шварц беше непоразен во своите 24 меча пред дуелот, но беше далеку од изненадување какво што направи Енди Руиз Јуниор против ВБА, ИБФ и ВБО шампионот Ентони Џошуа. По крајот на мечот, Фјури покажа дека е и голем спортист, откако отиде во соблекувалната на Германецот да му честита за добрата партија со зборовите: „Дојде тука да се бориш и тоа мора да се почитува“.
Tyson Fury is the best Heavyweight Boxer in the world right now… and he proved it tonight with this KO ? ?? #FurySchwarz pic.twitter.com/MkFqnYCNhC
— Harrison Klopp (@HarrisonKlopp) June 16, 2019
There’s only one @tyson_fury!
Fury comes out with a tribute to Apollo Creed #FurySchwarz on @espn+ pic.twitter.com/fliRZ27LEt
— Top Rank Boxing (@trboxing) June 16, 2019
There is absolutely nobody like him. The most entertaining man in sports @tyson_fury #FurySchwarz ?? pic.twitter.com/2gkKuVE3uL
— Top Rank Boxing (@trboxing) June 16, 2019
This is amazing ❤️
Tyson Fury and Ben Davison went into Tom Schwarz’s dressing room after the fight..
“You came to win and that stands for a lot.”
“Your son done a good job, you should be proud!”
“I’ll try and get you on my next card, I’d like you to come train with me.” ? pic.twitter.com/IzQlJNERcT
— Boxing on BT Sport ? (@BTSportBoxing) June 16, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.
Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.