Свет
Муслиманска толпа запали христијанска црква во Нигер по апсењето на локалниот имам
Толпа муслимански активисти викендов уништија и запалија христијанска црква во Нигер во знак на протест поради апсењето на влијателен локален имам, пренесува „Франс прес“.
Во саботата вечерта голем број демонстранти во Маради, третиот по големина град во Нигер, ја запалија Црквата на божјото собрание во населбата Сарија заедно со автомобилот на парохискиот пастор. Во соседната населба била уништена уште една црква.
Сведоците изјавиле за „Франс прес“ дека доцна вечерта во саботата групи млади муслимани подигнале барикади на патот и запалиле стари гуми во знак на протест поради апсењето на Чеик Рејдун, влијателниот имам од џамијата „Зарија“.
Полицијата го уапсила имамот претходно истиот ден кога тој на петочната молитва проповедал против новиот владин закон за организирање богослужба нарекувајќи го предложениот закон антиисламски. По неколку часа во притвор, имамот бил ослободен.
Висок официјален претставник на Министерството за внатрешни работи на Нигер изјави дека во предложената легислатива нема ништо антиисламско, туку е плод на екстензивна консултација и е наменета за спречување на мерките за кои се залагаат опскурните терористички организации во земјата.
Во 2017 година Министерството за внатрешни работи на Нигер ги повика исламските научници од земјата да работат заедно за изготвување на нацрт-законот. На крајот од април Советот на министрите го усвои законот наменет за спречување на ризиците од злоупотреби како во другите земји и да обезбеди средства за државата да ги регулира практиките што се вообичаени во религиската сфера.
Имамот Рејдун изјави дека бил погрешно информиран за содржината на нацрт-законот кога бил лажно наведен да верува дека со него ќе се наметнат истополовите бракови. Тој рече дека тој ќе ја исправи грешката во својата проповед овој петок. Во меѓувреме, полицијата уапси 178 муслимански демонстранти во врска со насилствата во саботата.
Нигер е претежно муслиманска земја, во која само 1-2 отсто од повеќе од 20 милиони жители се христијани. Земјата не е позната по религиозно мотивираното насилство.
По објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот весник „Шарли ебдо“ во 2015 година, антихристијанските банди убија десет луѓе во Нијамеј и ги уништија повеќето цркви во главниот град, како и во Зиндер, вториот по големина град во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

