Контакт

Здравје

Студија: Низа нови тешки вродени недостатоци поврзани со вирусот зика

Објавено пред

Низа тешки абнормалности на фетусот се откриени кај 29 отсто од трудниците заразени со вирусот зика, покажуваат прелиминарните резултати од студијата за потенцијалната врска меѓу овој вирус и тешките вродени недостатоци, објавени во петокот во списанието New Englad Journal of Medicine.

dobivaj vesti na viber

Листата со тешки исходи откриени во студијата во којашто учествувале трудници од бразилскиот мегалополис Рио де Жанеиро, вклучува фетална смрт, калцификации на мозокот, инсуфиенција на плацентата, со малку или без плодова вода, заостанување на феталниот раст и оштетувања на централниот нервен систем, меѓу кои е можно и слепило.

„Тие жени се заразени во првото или второто тримесечје“, вели др Карин Нилсен Сајнс, водечка авторка на студијата којашто ја спровеле научниците од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA) и институтот Fiocruz во Бразил врз примерок од 88 бремени жени, од кои 72 биле позитивни на зика вирусот.

„Видовме, исто така, и проблеми во последното тримесечје, што нé изненади“, вели Нилсен додавајќи дека се забележани два случаи на фетална смрт во доцната бременост во кои немало никакви знаци на оштетување на мозокот на претходните прегледи со ултразвук.

„Откривме силна врска меѓу зика вирусот и неповолните исходи од бременоста кои претходно не се забележани. Дури и доколку фетусот не е погоден, изгледа дека вирусот ја оштетува плацентата, што може да доведе до фетална смрт“, заклучува др Нилсен.

Вирусот зика се поврзува со многу случаи на микрокефалија на бебињата во Бразил, но и натаму не се знае многу за него, па дури ниту дали навистина ја предизвикува појавата на микрокефалија./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најдобрата напивка за слабеење: едноставна и идеална за лето

Објавено пред

Освен што ги топи вишокот масни наслаги во телото, го смирува стомакот и ја намалува надуеноста, па затоа нема причина да не го консумирате секојдневно.

dobivaj vesti na viber

Ако традиционално сте одлучиле да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, или ако сте одлучиле да ослабете среде лето, можеби овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најефикасен во топењето на вишокот масти во телото, ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
– 1 литар вода

– 1/2 грејпфрут

– 1 мандарина

– 1 краставица

– 4 до 6 големи листови нане

– мраз

Подготовка:
– Излупете ги и исечете ги грејпфрутот, мандарината и краставицата на парчиња.

– Додадете ги сите состојки во бокал со вода и оставете го во фрижидер.

– Оставете преку ноќ.

– Промешајте го пијалокот наутро и пијте го во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на согорувањето на калории, намалување на надуеноста до зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Трик за хидратација на кожата што ги излудува жените: ќе се каете што не сте почнале порано

Објавено пред

Заборавете на негата на кожата во десет чекори и сложените рутини кои одземаат повеќе време од вашето утринско кафе.

dobivaj vesti na viber

Нова опсесија за нега на кожата се нарекува „skin flooding“, техника која вклучува нанесување на хидратантни креми во слоеви додека кожата е сè уште влажна, за да се максимизира секоја капка влага и активни состојки.

Концептот е всушност многу едноставен, но многу ефикасен!

Наместо да чекаме лицето да се исуши по миењето, веднаш почнуваме да го хидрираме додека е сè уште влажно, прво со лесен тоник или термална вода, потоа преминуваме на серум со хијалурон или глицерол, и го запечатуваме сè со побогат хидратантен крем што спречува испарување на влагата.

Доколку вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, можете да ја завршите вашата рутина со дополнителен слој масло или балсам за да се осигурате дека она што сте го нанеле претходно ќе остане длабоко во вашата кожа.

Поентата е дека сите производи се нанесуваат еден по друг без чекање, додека кожата е сè уште еластична и отворена за апсорпција, исто како кога растението подобро апсорбира вода од влажна почва.

Овој ефект на „плакнење“ на кожата не само што обезбедува моментално чувство на мекост и свежина, туку на долг рок помага во зајакнување на бариерата на кожата, го враќа сјајот и го прави тенот да изгледа пополн, поздрав и поеластичен. Овој метод е особено корисен во периоди кога кожата изгледа безживотно, затегнато или иритирано – на пример по изложување на сонце, ветер или централно греење.

Најдобриот дел е што ова не бара скапи производи или многу време, туку само промена на пристапот, т.е. користење на производите што веќе ги имаме во нашата рутина малку попаметно. Иако доаѓа од сферата на „Тик-ток“, овој тренд има и своја дерматолошка логика бидејќи се базира на задржување на влагата во кожата, што е основа на здрава, избалансирана и сјајна кожа.

Ако сакате тен кој изгледа одморен, сјаен и свеж без шминка или филтри, овој начин на хидратација лесно може да стане ваш нов омилен ритуал за убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

Осум едноставни трика за исхрана, кои го имитираат ефектот на „оземпик“

Објавено пред

Малите промени во вашата исхрана може да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината, без да трошите пари на лекови.

dobivaj vesti na viber

Ако не можете или не сакате да набавите „оземпик“ или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабите, еден доктор споделува осум едноставни совети, кои може да ги имитираат ефектите на лековите GLP-1, и тоа сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за The Conversation, во која објаснува како одредени навики во исхраната може да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени може да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10 % повеќе од лековите како „оземпик“. Покрај тоа, ваквите навики може да помогнат во одржувањето здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побргу наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не прескокнувајте го појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените што јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние што вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додајте влакна во секој оброк

Влакната се број еден природен засилувач на хормонот GLP-1. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабите.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора);
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо;
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно;
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав;
Јаткасти плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед;
Препорачано дневно внесување растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додајте незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикиритки.

Се препорачува 15-20 % од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA-масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие може да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниот редослед: првин протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – првин месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук за разлика од пире.

Значи – помалку смути, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу бргу, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана можете природно да активирате хормони што го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ9 часа

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија10 часа

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија12 часа

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ13 часа

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија15 часа

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија15 часа

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија15 часа

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет17 часа

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура18 часа

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија19 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија2 дена

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија2 дена

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ2 дена

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет2 дена

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија2 дена

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет2 дена

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет2 дена

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...