Црна хроника
Починал овчар набоден од бик со роговите

Во неделата околу 17 часот во на местото викано Ливади атар на село Дорфулија општина Лозово, додека Ѓорѓи М.(46) од истото село го напасувал своето стадо говеда, го нападнал бик нанесувајќи му тешки телесни повреди со роговите.
Овчарот бил прободен во стомакот и по целото тело, по што починал на самото место.Извршен е увид од страна на увидна екипа од полиција од Свети Николе, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.