Компании
Шпаркасе Банка и Винер Осигурување најавија заеднички пакети
Шпаркасе Банка Македонија со нејзината подружница С Лизинг во четвртокот во Скопје објавија стратешко партнерство со Винер Осигурување и Винер Лајф Осигурување.
Ова партнерство ќе придонесе Шпаркасе Банка Македонија да се претвори во „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите ќе можат на едно место да ги добијат сите услуги од банкарското работење, лизингот и осигурувањето.
Новите производи што ќе се пласираат од страна на овие четири финансиски институции ќе бидат под платформата GO4 (гоу фор).
Првиот производ кој се промовира во рамките на GO4 платформата е GO4 лизинг пакетот, вклучувајќи низа поволности за сите заинтересирани клиенти. Пакетот претставува комбинација на поволна лизинг понуда со каматна стапка од 6,75%, рок на отплата до 5 години, финансиран износ без ограничување и поволно каско осигурување и осигурување од авто одговорност.
Дополнително, корисниците на GO4 лизинг пакетот ќе можат да користат трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија и кредитна картичка со минимална камата од 6% во првите 12 месеци со дозволен лимит за пречекорување до 4 плати и можност за животно осигурување со најповолни услови на пазарот преку Винер Лајф Осигурување.
Во рамките на GO4 лизинг пакетот корисниците добиваат можност за финансирање и на возила со поголем износ, како и набавка на потребниот возен парк за малите и средни компании, бидејќи понудата на GO4 лизинг пакетот се однесува и на физичките и на правните лица, вклучувајќи ги и корпоративните клиенти на Шпаркасе Банка, што за нив ќе биде дополнителна предност.
Новиот GO4 лизинг пакет, за заинтересираните правни и физички лица ќе биде достапен во сите експозитури на Шаркасе Банка Македонија, С Лизинг и Винер Осигурување. Во рамките на стратешкото партнерство помеѓу Шаркасе Банка Македонија, С Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф Осигурување во иднина ќе се работи на креирање нови пакети што ќе содржат интегрирани услуги од банкарскиот, финансискиот и лизинг сегментот, согласно потребите на пазарот.
„Партнерството што постои помеѓу Винер и Штаермеркише Шпаркасе, како дел од Ерсте Групацијата на глобално ниво, денеска го промовираме во Република Македонија. Со ова партнерство на домашните економските субјекти сакаме на ефикасен и брз начин да им ги понудиме сите финансиски услуги во рамките на мрежата на Шпаркасе Банка Македонија. Со тоа клиентите на Банката ќе заштедат време, ќе добијат најкорисен совет и најдобра комбинација на финансиски производи, што ним најмногу ќе им одговара“ изјави Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
„Сите наши заложби досега се базираа на обезбедување супериорна услуга и дополнителна вредност од нашето работење која ќе ја пренесеме директно на клиентите. Овој пат одиме чекор понапред, здружувајќи ги капацитетите со нашиот долгогодишен партнер Шпаркасе Банка, со цел на нашите клиенти да им понудиме врвна услуга во рамки на целиот спектар финансиски услуги кои ги користат. Воедно, ова наше стратешко партнерство на граѓаните ќе им обезбеди максимална стабилност и доверба при вложувањето на нивните средства, што е од огромно значење денес“ изјави по повод објавувањето на соработката Генералниот Директор на Винер Осигурување, Зоран Нарашанов.
Од компаниите најавуваат дека наскоро на пазарот ќе излезат и со нови заеднички пакет услуги. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

