Спорт
Ѓоковиќ: Не му се лутам на Кирјос, нека зборува што сака
Новак Ѓоковиќ вели дека не му се лути на Ник Кирјос кога минатиот месец австралискиот тенисер во контроверзно интервју влезе во директен напад на српскиот светски рекет број 1 велејќи дека тој е човек очаен да добива внимание и да биде сакан.
„Да, тој е неверојатен тенисер, шампион во спортот и сигурно ќе го помине Роџер Федерер. Но, зборуваме за човекот што една година се повлече од Австралија опен бидејќи беше премногу топло. Без разлика колку гренд слема ќе освои, никогаш нема да биде најголемиот. Играв со него двапати и ако не може да ме победи мене, не е најдобриот на светот. Тој секогаш го кажува тоа што го очекуваат од него, сака да биде сакан и никогаш не го кажува своето мислење“, изјави тогаш Кирјос.
Пред одбраната на титулата од Вимблдон, Ѓоковиќ вели дека верува оти Кирјос не е лошо момче.
„Не знам зошто Кирјос ги кажува тие работи. Дали бара внимание или има некој друг мотив. Но, очигледно сака да биде искрен и транспарентен. Го почитувам тоа, како и сечие друго мислење. Може да кажува што сака и немам проблем со тоа. Дали ми покажува ист респект како другите тенисери? Не, но тој така зборува овие денови“, вели Ѓоковиќ.
Кирјос има 2-0 скор против Ѓоковиќ победувајќи го во Акапулко и во Индијан Велс пред две години. Но, Ѓоковиќ на Вимблдон ќе оди на 16-та гренд слем титула, а Австралиецот нема пласман во полуфинале на гренд слем.
„Пред да ме критикува се сретнав со него на САД опен пред пет години надвор од терените и зборувавме. Тогаш сите го критикуваа за некои работи што ги правеше и јас му понудив да зборува со мене кога е потребно. И мене ме критикуваа така порано. Нема да губам сон поради него. Не сфаќам што се случи, но нема да му судам“, додава Србинот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

