Црна хроника
Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Според информациите, осомничениот, во својот дом во село Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло.
Оружјето и муницијата биле пронајдени вчера при претрес на домот на осомничениот, соопшти обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител ценеше дека постојат околности кои што укажуваат дека постои опасност лицето да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници претепале ученик во училиште во Дебар
Во училипте во Дебар малолетници претепале ученик, соопшти полицијата.
Имено, во ОВР Дебар вчера во 15:20 часот било пријавено дека во основно училиште во Дебар, неколку малолетници нападнале ученик во училиштето.
Според МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Со секира и се заканувал на 46-годишна жена: уапсен кичевец
Вчера во 10:35 часот на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(39) од Кичево.
Тој, претходно во двор во кичевското село Карбуница, со секира ѝ се заканувал на Н.А.(46) од истото село.
При извршен преглед над него е пронајден и одземен нож.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Полицијата уапси 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода.
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници ја уапсија Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.
При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

