Регион
„Блиц“: Ципрас ја издава Србија, ги чести Мустафа и Тачи

Грција ќе го поддржи членството на Косово во сите меѓународни организации, им порачал во Њујорк шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас на Иса Мустафа и Хашим Тачи.
„Господинот Коцијас го покани својот колега Хашим Тачи да ја посети Атина и изрази поддршка на Грција на напорите на Косово да се зачлени во меѓународните организации, врз основа на меѓународното право и во полза на стабилноста на регионот, нагласувајќи дека заедничка цел е интеграција на целиот западен Балкан во ЕУ“, се вели во соопштението на грчкото МНР по состанокот на Коцијас со косовскиот премиер Мустафа и со шефот на дипломатијата Тачи.
Понатаму се наведува дека тие се сложиле да продолжат со јакнењето на меѓусебната соработка, како и да се формираат работни групи од експерти за усогласување на косовските закони со правните текови на ЕУ. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.