Македонија
Алијанса за Албанците: Заев не се ослободи од партиските гангстери кои ги окупираа институциите
Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. ,,метла”, која беше најавена со голема помпезност.Од ,,метлата” не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последица на оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно.
Единственото ,,откритие“ на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен ,,трик” за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.
Според партијата, премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи од партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство.
,,Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам. Тој не покажа храброст се ослободи од неспособните кадри во министерствата и кои не ги постигнаа ветените резултати. Тој не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадрите кои им даваат тендери на штотуку регистрирани фирми, кадрите кои ја користат функцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки. Алијансата за Албанците е свесна дека премиерот не ја поседува таа храброст.
Денес со предлогот што го даде, уште еднаш сака да ги измами граѓаните на Северна Македонија. Премиерот покажа дека се во неговата работа е само фарса. Надеж од оваа влада нема, затоа не преостанува ништо друго освен предвремени избори. Алијансата е подготвена да го преземе кормилото и да покажеме како се управува во служба на народот, а не во интерес на партиските групи и кланови”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

