Надворешна политика
Валтер: Од интерес на НАТО е Македонија да биде полноправна членка
Од интерес на НАТО е Македонија да биде нејзина полноправна членка. Македонија и сега придонесува во НАТО силите, а Алијансата очигледно е посветена да се одржи стабилноста на Балканот, вели во интервјуто за Deutsche Welle на македонски, Роберт Валтер, претседател на Европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА).
Од интерес на НАТО е Македонија да биде нејзина полноправна членка. Македонија и сега придонесува во НАТО силите, а Алијансата очигледно е посветена да се одржи стабилноста на Балканот, вели во интервјуто за Deutsche Welle на македонски, Роберт Валтер, претседател на Европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА).
„Од интерес на НАТО е Македонија да биде нејзина полноправна членка. Македонија и сега придонесува во НАТО силите, а Алијансата очигледно е посветена да се одржи стабилноста на Балканот. Овде, пред сé, мислам на подобрувањето на ситуацијата на Косово и во Босна и Херцеговина. Секако дека е значајно и натаму да се работи на стабилноста на Балканот. Верувам дека ситуацијата на Косово ќе се расчисти, но најголемиот политички проблем останува во Босна и Херцеговина“, вели Валтер оговарајќи на прашањето „дали и покрај зголемениот ангажман околу Русија, опасноста од Исламската држава, како и секогаш активното жариште Блискиот исток“, НАТО и натаму останува заинтересиран Балканот и конкретно Македонија, да бидат дел од неговите структури.На прашањето дали гледа скорешна разврска на блокадата на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, како резултат на повеќедеценискиот спор за уставното име на земјата со Грција, Валтер е на мнение дека споровите што ги има Македонија, во прв ред, околу името со Грција, но и со Бугарија, „која исто создава проблем“ кога станува збор за членството на Македонија во ЕУ и НАТО – мора да се решат. „Јас сум голем поддржувач на македонското членство и во двете организации. Македонија, меѓутоа, сé уште има многу проблеми кои треба да се надминат. Мислам пред се’ на внатрешнополитичките проблеми, како на пример ситуацијата со политичките партии кои не учествуваат во работата на парламентот. Сево ова мора да се расчисти, за исполнување на фундаменталната желба на македонскиот народ да бидат дел од ЕУ и НАТО“, вели за DW претседател на Европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА).Во светлина на споредбите на некои аналитичари на украинската криза и нејзино повторување или проширување кон регионот, Валтер вели дека ситуацијата во моментов на Балканот е сосема поинаква од онаа во Украина.„Состојбата во Украина е повторување на играта на моќ, каква што ја имавме во времето на Студената војна. Русија навистина се обидува да го поврати своето значење во сферата која смета дека може да е под нејзиното влијание. Според мене, денес нема сфери на влијанија. Тоа зависи од народот, од граѓаните кои живеат во Украина да одлучат каде сакаат да бидат: дали да се дел од Европската унија, или дел од независна суверена држава. Тоа е голема разлика од ситуацијата на Балканот“, вели Валтер.Роберт Валтер е потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, претседател на Европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА), член на британскиот Парламент и од 2012 до 2014 претседавач на Берлинската конференцијата за безбедност./крај/мф/сн
Извор: DW
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.