Спорт
Интер и Милан потврдија дека ќе градат нов „Сан Сиро“
Двата фудбалски гиганта од Милано, Интер и Милан, потврдија дека имаат намера да го срушат стариот „Сан Сиро“ и да го заменат со нов стадион.
Минатата недела италијанските медиуми објавија дека двата клуба се согласиле на планот за нов стадион, кој ќе чини околу 700 милиони евра и ќе биде изграден до 2022 година, а сега претставници на двата клуба го потврдија ова.
„Ќе имаме нов ’Сан Сиро’ веднаш до стариот, во истата област. Стариот стадион ќе биде срушен и на негово место ќе биде изграден новиот стадион“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони, за новинската агенција АНСА.
И генералниот директор на „неаѕурите“, Алесандро Антонело, ја потврди веста, така што сега се чека одобрување на плановите од страна на градоначалникот на Милано, Бепе Сала, кој претходно бараше модернизација на стадионот.
Интер и Милан ќе се откажат од „Сан Сиро“, славниот стадион ќе биде срушен?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски ќе ја напушти Барселона
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) ќе ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
По четири години соработка, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и покрај тоа што има опција да му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.
„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди „Атлетик“.
Каталонците одлучија да направат место за некој помлад. Левандовски е во ветеранските години, ќе го прослави својот 38-ми роденден на почетокот од следната сезона. Барса верува дека неговото време е истечено, иако не изгледа така на теренот.
Лева игра одлично и оваа сезона. Тој постигна осум гола на 15 настапи. Во вкупно 162 натпревари, Левандовски постигна 109 гола и забележа 21 асистенција.
Левандовски нема намера да ја заврши кариерата. Иако следното лето ќе го прослави својот 38-ми роденден, интересот за неговите услуги е голем.
Според „Атлетик“, Барселона нема да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.
Англискиот фудбалер игра за каталонскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Партизан веќе се договорил со Тринкиери
Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери се договорил со чениците на Партизан во врска со неговото враќање на позицијата шеф на страчниот штаб.
Како што обајви „Спорт Клуб“, црно-белите веќе се договориле со италијанскиот стручњак во врска со условите за идна соработка, а се чека најповолниот момент соработката да биде официјализирана.
Тринкиери е без работа откако беше отпуштен од Жалгирис ова лето, само 36 часа по освојувањето на титулата во лигата.
Италијанскиот стручњак помина година и пол во Каунас, а претходно беше на клупата на Баерн од 2020 до 2023 година.
Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година и тимот беше во одлична ситуација во АБА лигата и Еврокупот пред коронавирусот да ја прекине сезоната.
Тринкиери и претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури и го тужеше Партизан за заостанати плати и го доби спорот.
Сепак, се чини дека условите за нова соработка сега се исполнети, Тринкиери е без работа, а на Партизан му е потребен квалитетен тренер кој може да го подигне тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Црно-белите ќе го играат својот следен натпревар во четврток, кога ќе го пречекаат Баерн на Белградска Арена. Моменталниот резултат на Партизан во Евролигата е четири победи и девет пораз. Тимот доживеа порази на седум од последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Александар Трајковски се врати во Хрватска
Александар Трајковски (33) е нов играч на Локомотива. Иако сè уште официјално не го претстави, Локомотива регистрираше поранешниот напаѓачот Хајдук во системот на ХНС.
Трајковски нема ангажман од крајот на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. И покрај ова, во периодот кога беше без клуб, играше пет пати за репрезентацијата на Македонија и постигна два гола.
Алесандар Трајковски помина две години во Хајдук. Дојде како слободен агент во летото 2023 година и постигна десет гола во 32 настапи во хрватската лига. Најдобриот натпревар за Хајдук го одигра против Локомотива, во последното коло од сезоната 2023/24, постигна хет-трик.
Кај Џенаро Гатузо, тој падна во втор план и генерално имаше многу малку минути, иако на крајот од сезоната постигна гол против Локомотива во ремито 1:1 и Риека во победата од 2:1.
Локомотива е третиот хрватски клуб за кој ќе игра Трајковски. Уште во сезоната 2010/11, тој го носеше дресот на Интер од Запрешиќ.
Трајковски е најпознат по периодот што го помина во Италија, играјќи за Палермо, играше и за Мајорка во Ла Лига. Тој одигра 98 пати за репрезентацијата на Македонија и постигна 24 гола.
Foto/ EPA

