Контакт

Регион

Клинтон: Немаше да има инцидент доколку Вучиќ пристигнеше подоцна

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон смета дека до инцидентот во Поточари немало да дојде, доколку српскиот премиер Александар Вучиќ „пристигнел малку подоцна“, пренесуваат српските медиуми.
 

dobivaj vesti na viber

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон смета дека до инцидентот во Поточари немало да дојде, доколку српскиот премиер Александар Вучиќ „пристигнел малку подоцна“, пренесуваат српските медиуми.

 

Клинтон додал дека жали поради инцидентот, но истакнал дека до него не би дошло доколку Вучиќ пристигнал само за комеморацијата, а не откако почнала молитвата.

„Мислам дека на луѓето сепак им беше драго тоа што тој беше на комеморацијата, но ништо од тоа што таму беше речено не стигна до нив и тие останаа во шок кога го видоа него“, рекол Клинтон за хрватската телевизија РТЛ.

Според него, градоначалникот на Сребреница Ќамил Дураковиќ направил добар потег со тоа што поканил Вучиќ да присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

„Слушнавте што кажа Дураковиќ околу тоа како пред 20 години останал жив, а врсниците што ги познавал биле убиени, исто како и членовите на неговото семејство. Сепак, тој на себе презема ризикот на поканувањето, а премиерот Вучиќ ризикот на доаѓањето. И тоа е некој почеток, и тоа доста важен“, навел Клинтон, кој на одбележувањето во Сребреница присустуваше како специјален претставник на актулениот американски претседател Барак Обама./крај/мф/бс

 

Регион

Малолетник на интензивна нега во сплитска болница, врсник го избодел со ножици

Објавено пред

Полицијата од Сплит соопшти дека вчера попладне дошло до расправија и туркање меѓу двајца малолетници на игралиште, при што едниот тешко го повредил другиот. На двајцата им е укажана лекарска помош, а на местото на настанот е извршен увид. Според неофицијални информации, едно момче со ножици избодело друго во пределот помеѓу градите и рамото.

dobivaj vesti na viber

За настанот е известен надлежниот државен правобранител, до кого ќе биде поднесена посебна пријава, со оглед на тоа што не може кривично да одговара дете кое не наполнило 14 години и не може да се поведе кривична или прекршочна постапка, соопштија од полицијата.

“Во Сплитската болница е примено момче родено 2011 година со убодна рана. Тој е хоспитализиран и се лекува на Клиниката за детска хирургија при Универзитетскиот болнички центар во Сплит. Во моментов е стабилен и надвор од животна опасност”, велат од болницата за Индекс.

„Со оглед на настанот кој се случи во четвртокот на 16.01.2025 година во попладневните часови во близина на нашиот спортски центар, поточно на детското игралиште до кафезот со вештачка трева, а бидејќи и двете момчиња се членови на нашиот клуб, УО на клубот донесоа одлука за трајно суспендирање на двете момчиња од нашата спортска репрезентација и дека во најбрз можен рок ќе бидат донесени исти одлуки за сите членови за кои има докази за недолично однесување, без разлика дали се на училиште, во слободно време или за време на тренинг на нашиот клуб. Со ова сакаме да испратиме јасна порака дека нашиот спортски центар и клуб се место со нулта толеранција за насилство и дека ќе направиме се што можеме за да обезбедиме безбедно време за другите деца и безгрижно време за родителите додека нивните деца поминуваат обука. Ви благодариме за разбирањето. На момчето, кое е на одделот за интензивна нега на Одделот за детска хирургија во КБЦ Сплит, му посакуваме брзо и безбедно закрепнување“, соопштија од клубот.

Како што пишува далматинскиот портал, коментар им испратила и мајката на едно од момчињата.

„Ја имам таа несреќа што вчера во паркот моето дете употреби училишни ножици од чантата за да повреди врсник со кој обично се дружи, предизвикувајќи му и физичка и психичка болка. Не можам ни да опишам колку сме тажни и разочарани како семејството.

За жал, ситуацијата е таква каква што е, тоа е мое дете и треба да го поправиме тоа што може да се поправи.

Верувам дека повреденото дете никако не заслужи да биде исфрлено од клубот, туку само моето кое го направи проблемот. Затоа, би ве замолила да размислите за оваа одлука. Исто така, верувам, без разлика на овој случај (мојот заслужува суспензија), дека децата не треба да бидат отфрлени и исклучени од спортот поради, да речеме, прифатливи непромислености, бидејќи сите ги знаеме придобивките што ги носи“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучевиќ: Србија мора да оди напред, државата не смее да пропаѓа поради несреќата во Нови Сад

Објавено пред

Србија мора да оди напред и не смееме да дозволиме кршење на законите и колапс на државата поради катастрофата што ја доживеавме, изјави денеска премиерот Милош Вучевиќ оценувајќи дека ова е прашање на сериозност и одговорност на оваа генерација кон идните.

dobivaj vesti na viber

„Не смее да се дозволи кршење на законот и рушење на државата. Апсолутно нема никакво оправдување да ја урнеме државата поради огромната трагедија што ја доживеавме во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Мој впечаток, и верувам, тоа е впечатокот и на мнозинството српски граѓани, е дека сѐ што се случува сега нема врска со трагедијата во Нови Сад, туку постојано се додава нешто ново и се претставува како основа за блокадата на животот и блокадата на Србија и обиди за колапс на Србија“, рече тој на прес-конференција.

Вучевиќ истакна дека одговорните за прекршување на законот ќе одговараат во согласност со законот.

„Без тоа, завршуваме во ситуација секој да може да прави што сака, без одговорност. Тоа значи дека исчезнува правниот систем, на некој начин исчезнува државата, а желбите и соништата на сите оние што не ѝ посакуваат на нашата земја добро се исполнети и, за жал, ги има многу“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

„За Соња“: Ѓоковиќ победата ја посвети на прегазената студентка во Србија

Објавено пред

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, денеска, по пласманот во осмина-финалето на Австралија опен, својата победа ѝ ја посвети на Соња Поњавиќ, студентката што вчера беше тешко повредена во инцидент на една од блокадите на протестите во Белград.

dobivaj vesti na viber

Имено, Ѓоковиќ по победата со син фломастер на камерата напиша „За Соња“. Тенисерот, потсетува „Н1 Србија“, на крајот на минатата година, по трагедијата во Нови Сад, ги поддржа и студентите во борбата за правда.

Соња Поњавиќ, студентка во прва година на Правниот факултет, беше повредена вчера во центарот на Белград кога возач влетал во група студенти додека тие држеле 15-минутно молчење во чест на загинатите во падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад.

Од силината на ударот студентката се нашла на покривот од автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја триесетина метри, а потоа паднала на земјата.

Полицијата соопшти дека го легитимирала и го затекнала возачот М. П. (38), кој е осомничен дека вчера околу пладне со автомобил „форд фокус“ удрил во 20-годишна жена. Се сомнева дека во автомобилот имало уште две лица, соопшти МУП, а „Телеграф“ ја објави неговата фотографија.
Насилникот веќе има досие, а бил осудуван дури седумпати. Сѐ уште не е познато за какви кривични дела е осуден. Сега тој може да биде осуден за тешко убиство во обид, пренесуваат медиумите во соседството.

Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи на Република Србија, изјави дека белградската полиција во рок од 10 минути го пронашла возилото кое ја соборило 20-годишната девојка. Пет минути потоа, вкупно 15 минути по настанот, пронајдени се возачот на „фордот“ и уште две лица, кои биле во возилото со него, од кои едното малолетно“, рече Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Штрајк и тужби за државата се можни доколку Владата не го продолжи дијалогот со административците, кои бараат 30 отсто поголема плата

Вработените во неколку министерства и државни институции, кои и денес, четврти ден по ред, излегоа на протест за 30 отсто...

Македонија4 часа

Починаа две новороденчиња близначиња: трагедија во Прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од...

Топ5 часа

Обвинение против 10 лица, членови на организираната криминална група, за посредување при проституција, перење пари и трговија со дрога

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во...

Европа5 часа

(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет...

Македонија6 часа

Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се избираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски...

Македонија6 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5...

Регион7 часа

Потрагата по тригодишното дете во Сава во Загреб продолжува: уапсена мајката, сослушан е и сопругот

Потрагата по детето кое исчезна во Сава во Загреб продолжува и денеска. Во четвртокот, спасувачките служби го напуштија местото на...

Европа7 часа

Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?

„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави...

Регион8 часа

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет8 часа

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет8 часа

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет20 часа

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија21 час

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија22 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија1 ден

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија1 ден

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија1 ден

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија1 ден

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет1 ден

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...