Економија
Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не е против физички лица, туку таргет се четири правни лица кои нелегално го увезувале тутунот.
Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека за две години, буџетот на државата е оштетен за над 7,5 милиони евра бидејќи не бил плаќан данок за стоката. Муареми рече дека од Љуботен биле одземени и машини со кои тутунот се преработувал.
„Во текот на 2018 и 2019 година дејствувале повеќе правни субјекти кои вршеле увоз на тутун од соседните земји Албанија, Србија, Грција и Бугарија, а потоа истиот, на црно се дистрибуирал и продавал на повеќе физички лица. Од наша страна постоеше сомневање дека физичките лица нелегално поседуваат машини со кои тутунот го преработувале, а потоа тој се продавал без акцизна бандерола на црниот пазар. Продажбата не се евидентирала никаде, а производителите и продавачите не плаќале данок. Тутунот бил наменет за пушење. Во 2018 година, буџетот бил оштетен за 5,5 милиони евра, а во 2019 година за над 1,8 милиони евра“, рече директорот на Финансиската полиција.
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, вели дека институциите работат за да се сузбие нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите. Според него, при производство на ваков тутун се користат пестициди кои штетат на здравјето, а поради несоодвтениот начин на чување има и мувла, која што понатаму доведува до појава на рак.
„Нелегалната продажба на режан тутун штети на здравјето на граѓаните. Продажбата на ваков тутун има штетни последици. Овој вид на тутун нема никакви документи за начинот на производство, а не е контролиран ниту квалитетот. Во почетокот на годината Царинската управа формираше посебно работно тело за следење на оваа појава. Во координација со другите институции работиме за да ја сузбиеме нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите. Пративме и мустри за анализи кои беа земени на различни места во државата, а дел од нив покажаа дека при одгледувањето се користат пестициди. Нережаниот тутун има и катран во недозволени количини. Поради несоодветниот начин на чување има и мувла, која преизвикува токсини, што доведува до појава на рак“, вели Танасоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерство за енергетика: Стабилни инвестиции во обновливи извори, започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна процесот за воведување на механизмот „договори за разлика“ (Contract-for-Difference – CfD) како нов модел за поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Моделот CfD, веќе докажан низ ЕУ, ќе ги забрза инвестициите во капацитети за обновливи извори на енергија, а истовремено ќе ги заштити потрошувачите од нестабилноста на пазарот.
На денешниот кик-оф состанок, министерката Сања Божиновска истакна дека CfD не е само финансиски инструмент, туку системска промена што обезбедува стабилност за инвеститорите и заштита за потрошувачите.
„Со оваа реформа поставуваме предвидливи и одржливи услови за инвестиции во соларни и ветерни капацитети, со што ги забрзуваме нашите амбициозни цели – 1.7 GW обновлива енергија до 2030 година. CfD механизмот создава сигурност, пониски трошоци и конкурентен пазар, што е клучно за забрзаната транзиција кон чиста енергија.“ изјави министерката Божиновска.
Со поддршка на ЕБОР и експертиза од меѓународни партнери, Македонија ќе го приспособи овој механизам на локалниот енергетски пазар, отворајќи нови можности за инвеститорите. Очекувањата се дека ова ќе доведе до забрзан развој на обновливите извори и стабилни долгорочни цени за потрошувачите.
Процесот на подготовка продолжува во наредните месеци, со детална анализа на регулативата и финансиските аспекти, со цел да се создаде модел што ќе донесе реални и одржливи резултати за македонската енергетика.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 24.3.2025 година.
Од 2.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,705 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,950 ден/кг и сега ќе изнесува 41,705 /кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,884%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,987% и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,396%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7218%.
Економија
Николоски: Креираме нов едношалтерски систем и поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претседаваше со Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем.
Комитетот го усови предлог на Законот за едношалтерска околина, нов закон со кој ќе се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока.
Целта на оваа регулатива е да се олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, нивната обработка и процесот на царинење на стоките при увоз, извоз и транзит низ државата.
Исто така со Законот се постигнува интероперабилност, односно размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.
Законот има за цел да направи и услогласување со европската регулатива, како и целосно усогласување со нецаринските системи во земјите од ЦЕФТА.
Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa на овој Нов Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.
Во рамките на оваа активност, Министерството за транспорт преку Проектната единица во рамки на самото министерство е во фаза на подготовна на тендерска документација за нова електронска “Платформа за дозволи” како и хардверска опрема, која се очекува да се распише во месец мај оваа година.
Овoj софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.