Европа
Меркел и Туск во обид да ја ублажат напнатоста околу договорот ЕУ-Турција

Повеќе европски функционери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, во саботата ќе го посетат југот на Турција во обидот да ја ублажат напнатоста околу договорот меѓу Брисел и Анкара за спречување на приливот на мигрантите во Европската унија.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, и германската канцеларка Ангела Меркел ќе пристигнат во Газиантеп на турскиот југ, во близина на сириската граница, каде што треба да посетат бегалски камп и ќе се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Посетата доаѓа три седмици откако стапи на сила договорот меѓу ЕУ и Турција чија цел е да се намали доаѓањето на илегалните мигранти во Унијата, Договорот во почетокот придонесе за значителен пад на бројот на мигрантите кои од Турција пристигнуваа во Грција, но по кусо време чамците со бегалците повторно почнаа да пристигнуваат на грчките острови, по околу 150 на ден, што покажува дека „херметичко затворање“ на рутата, како што сега изгледа, е готово, соопшти Меѓународната организација за миграции (IOM).
Турските функционери претходно седмицава објавија дека нема да продолжат со спроведувањето на договорот со Брисел, доколку ЕУ не го одржи ветувањето за укинување на визите за турските државјани до крајот на јуни. „Европската унија има повеќе потреба од Турција, отколку обратно“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Меѓутоа, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, седмицава истакна дека Турција мора да исполни дури 72 услова за укинување на визниот режим, и оти на Брисел на памет не му паѓа да ги ублажи критериумите.
За двете страни, забележува Reuters, многу нешта се на коцка, Меркел кај скептичните европски партнери лобираше да го поддржат договорот со Турција, па дома е под притисокот да покаже напредок во примената на договорот.
Давутоглу, од друга страна, го „протна“ договорот во домашната јавноста врз основа на тоа што Турците за возврат ќе бидат ослободени од визниот режим за патувања во земјите од Европската унија.,
„Во интересот на двете страни е тој договор да функционира. Турција сака поддршка во ублажувањето на товарот од мигрантската криза, како финансиски така и во поглед на намалувањето на бројот на бегалците. И сака либерализација на визниот режим. Ние имаме други интереси. Во крајна линија, сето ќе зависи од исполнувањето на зададените критериуми, доколку тоа не се случи, договорот нема да функционира. Дали тој е одржлив, уште е под знак прашалник“, соопштија од кабинетот на Меркел./кра/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин
Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин