Контакт

Надворешна политика

Повеќе билатерални средби на Вељаноски за време на Парламентарниот состанок на земјите од ЦИЕ

Објавено пред

На маргините на Парламентарниот состанок на земји од централно и источна Европа (ЦИЕ) што се одржа во Варшава, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски оствари повеќе билатерални средби со претседатели на парламенти кои учествуваа на состанокот.

dobivaj vesti na viber

Вељаноски оствари средба со Претседателот на Сенатот на Република Полска, Станислав Каржевски, на кого му се заблагодари за поканата и ја поздрави оваа инцијатива за одржување на состанок на ниво на претседатели на парламенти од централна и источна Европа.

За време на средбата, соговорниците разговараа за актуелите предизвици со кои се соочува Европската унија, но и Европа во целина. Домаќинот Каржевски истакна дека набљудувајќи ги промените кои што се случуваат во Европската унија, пред се одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, понатака миграциската криза и терористичките напади, војните во Украина и Сирија, ја наметнаа потребата од разговор помеѓу државите членки на Унијата и земјите кои претендираат за влез во Унијата.

Полска смета дека Европската унија треба да се развива како организација на суверени земји кои солидарно ќе соработуваат и ќе се поддржуваат. Домаќинот информираше дека темата и датумот на одржување на овој состанок е избран по повод 36 годишнината од формирањето на здружението „Солидарност“, здружение кое го победи комунизмот и ја поведе Полска кон демократија.

Претседателот на полскиот Сенат изрази сочуство за жртвите од катастрофалните поплави што го зафатија Скопје на 6-ти август оваа година. Вељаноски истакна дека Република Македонија особено го цени принципиелниот став на Република Полска кон политиката на отворени врати за проширување на Европската унија, став кој во еден глас го зборуваат и останатите држави кои припаѓаат на Вишеградската група.

Освен со претседателот на Сенатот на Република Полска, Вељаноски оствари средба и со претседателот на Сејмот на Република Полска, Марек Кухчињски. За време на средбата со претседателите на парламентите од централна и источна Европа, тој истакна дека Европската унија поминува низ најголемата криза досега и притоа снемува самодоверба во справувањето со истата. Потребно е да се изнајдат решенија коишто ќе донесат преродба на принципите врз кои се темели Унијата, принципи коишто во последно време се ставени под знак прашалник.  Освен тоа, тој сугерира концепт на соработка на еднакви со еднаквите, слободни со слободните солидарни држави.

За време на средбата со претседателот на Собранието на Црна Гора, Дарко Пајовиќ, се разговараше за актуелната состојба во двете земји. Пајовиќ го запозна претседателот Вељаноски со политичката ситуација во Црна Гора, при што го истакна престојното одржување на парламентарни избори и моделот на подготовка и спроведување на истите.

Двајцата соговорници се согласија дека има простор за интензивирање на односите на двете земји како на парламентарен, така и на економски план. Вељаноски го запозна својот црногорски колега за актуелните случувања во Македонија и упати отворена покана за посета  на висока парламентарна делегација од Црна Гора на Собранието на Република Македонија.

На маргините на Состанокот, претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Исмаил Караман. Претседателот на турскиот парламент изрази сочувство за жртвите од поплавите кои го зафатија скопскот регион и посака брзо опоравување на повредените и санирање на штетите.

Вељаноски се заблагодари за помоштта во сите форми што пријателска Турција ја пружи на Македонија. На средбата, соговорниците разговараа за актуелните политички случувања во двете земји, при што се истакна дека и двете земји даваат заемна поддршка на демократски избраните власти. Турскиот претседател на парламентот упати отворена покана до својот македонски колега за официјална посета на Република Турција. /крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија2 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија2 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија3 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија4 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа5 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ6 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет6 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа7 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет8 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија8 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет17 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија21 час

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија23 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...