Европа
Швајцарија поделена на референдумот за депортацијата

Швајцарците на референдумот во неделата одлучуваат за воведување закон со кој би се воспоставила депортација на странците кои ќе сторат некои кривично дело.
Околу половина од швајцарските избирачи ја поддржуваат иницијативата, сметајќи дека протерувањето на странските државјани со кривична пресуда од Швајцарија би го намалило нивото на криминалот. Другата половина, пак, се загрижени дека директната демократија почнала да ѝ штети на нивната земја.
Постерите на иницијаторите на референдумот, кои прикажуваа бела овца како удира во задницата на црна ова, доволно јасно укажуваат на идејата. Ги дизајнираше Швајцарската народна партија (SVP) која го поттикна плебисцитот за автоматското исфрлање од земјата на странските државјани коишто ќе сторат кривично дело, помало или поголемо, независно од тоа колку долго живеат во Швајцарија.
Исходот од неделниот референдум е неизвесен, бидејќи анкетите покажуваат дека ставовите на петте милиони избирачи се речиси изедначени околу новиот закон.
Популистичката SVP, која поддршката ја обезбедуваше до слоганот „Да создадеме сигурност!“, на парламентарните избори во декември освои најмногу гласови водејќи антидоселеничка кампања, па сеа имаат две до седум министерски ресори во повеќепартиската влада. Противниците на нивната иницијатива сметаат дека таа ќе доведе до големи проблеми, ја поткопува парламентарната демократија и правната држава. Референдумот е покренат за да се заобиколи постојниот предлог во парламентот, како и улогата на судовите, предупредуваат.
Според законот што го предлага SVP, државата не би ги депортирала само странците кои сториле убиство, силување или трговија со луѓе, толку и за помали прекршоци, како давање лажни сведочења, закани кон државни службеници или вандализам. Обвинувачките пресуди автоматски би воделе кон депортирање, а судиите повеќе не би имале право да ја проценуваат индивидуалната ситуација на секој обвинет пред да му биде одредена таквата казан.
Сите други партии во парламентот му се противат на овој предлог, а против него е потпишан и манифест на групата 120 правни и 270 поранешни и сегашни парламентарци. Критичарите сметаат дека новиот закон би бил особено неправеден кој околу 400.000 ткн „секондоси“, втората генерација странци, коишто се родени во Швајцарија, но немаат швајцарско државјанство.
Поранешниот судија на Врховниот суд Николо Расели тоа сценарио пластично го претстави на примерот на 20-годишниот полски „секондос“ Андреј, кој досега не бил казнува, но се напил со своите швајцарски пријатели, со кои потоа провалиле во селската продавница за да украдат алкохол. За тоа целата група би била казнета, но со една голема разлика. „Тоа не би им направило проблеми на Швајцарците, но Андреј автоматски би го загубил правото на престој, би требало да го напушти своето семејство и работата, Би морал да се пресели во држава чиј јазик слабо го зборува и каде никого не познава“, вели судијата Расели.
„Тоа значи дека ист чин различно би се казнувал, зависно од државјанството. Казните повеќе не би биле пропорционални на кривичните дела“, вели швајцарскиот експерт за миграции Џани Д’Амато, професор на универзитетот во Нојшател.
Критичарите предупредуваат и дека таквиот закон би го кршел договорот на Швајцарија и Европската унија за слободното движење, што би можело дополнително да ги влоши односите меѓу Брисел и Берлин, веќе нарушени со швајцарската одлука да го ограничи доселувањата од земјите членки на ЕУ и другите земји.
Во SVP метат дека ваквите драконски мерки се неопходни за да се намали стапката на криминалот. „Многумина стравуваат од насилствата и криминалот, особено жените, но и постарите граѓани и младите. Се плашат да излезат од домовите, ноќе избегнуваат некои улици или цели квартови. Повеќето злосторства, како силувањата, ги вршат странци“, изјави претседателот на партија, Тони Брунер.
Швајцарските медиуми ги проверуваа овие наводи и ја истражуваат ефикасноста од предложените правила за депортирањето. Се покажало точно дека половината од осудените во 2014 година биле странци., но како што пренесува Tages-Anzeiger, повеќето од нив живеат надвор од Швајцарија и не се нејзини државјани.
Судиите и интелектуалците не се загрижени само поради владеењето на правото, туку и опасноста, според нив, во којашто неконтролираната директна демократија би можела да го доведе швајцарскиот демократски систем.
„Гласот на мнозинството кој не ги почитува и ги намалува правата на поединецот и на малцинствата не е дозволен. Гласот ‘за’ во недела би значело откажување од нашиот сегашен концепт на демократијата“, предупреди во новински коментар судијата на Врховниот суд, Томас Штаделман./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин