Uncategorized
Царовска: Уште пет региони добиваат специјализирани сервиси за заштита од родовото насилство

Ги развиваме услугите за заштита од родово насилство, специјaлизирани сервиси се отвораат во уште 5 региони, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која денеска присуствуваше на конференција на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, на тема „Финансиските импликации за обезбедување достапни и пристапни специјализирани сервиси за жртви на родово засновано и семејно насилство“.
Таа објасни дека во моментот во Скопскиот Регион има воспоставено СОС-линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер-центар, психосоцијална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.
„Дополнително, до октомври е планиран развој на психосоцијални советувалишта во уште 5 града во други региони затоа што е важно услугите да се блиску до граѓаните и ќе работиме на развој на истиот овој пакет на услуги во другите региони. Јас сум сигурна дека до 2025, како што е утврдено во акцискиот план од Истанбулската конвенција, што ја ратификувавме како држава, ќе ги исполниме стандардите и ќе добиеме позитивно светло од оние што треба да ја оценат државата“, дополни Царовска.
Земјата на 30 декември пред две години ја ратификува Европската конвенција за спречување борба против насилство врз жените, вклучително и семејно насилство, која стапи во сила на 1 јули 2018. На 9 октомври 2018 година го усвои акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука се предвидени конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство.
Во Законот за социјалната заштита, освен што се унапредуваат социјалните права и трансфери кон граѓаните, се дава основа за плурализација или развој на социјалната заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.
Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.