Црна хроника
Управител во АД ЕЛЕМ ја оштетил компанијата за седум милиони денари
Управител на фабриката за опрема и делови „ФОД“ Дооел Новаци – АД Елем Скопје незаконски склучил договор за јавна набавка и ја оштетил компанијата за над седум милиони денари.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Битолчанецот А.П. (37), во својство на управител на фабриката за опрема и делови „ФОД“ Дооел Новаци, АД ЕЛЕМ Скопје, ја искористил својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки на 11-ти септември склучил Рамковен договор со „Технопродукт“ Дооел Гевгелија, по објавен јавен оглас од април 2012 година за набавка на гумени елементи за валци.
Иако предметната постапка за јавната набавка била обжалена и не била завршена, а Државната комисија за жалби по јавни набавки со решение ја поништила набавката, пријавениот А.П., наместо да го раскине незаконски склучениот договор, со пречекорување на границите на своето службено овластување, дозволил да се изврши реализација на склучениот договор.
Со таквата постапка, управителот ја оштетила компанијата за вкупно 7.060.727 денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

