Црна хроника
Учесниците во Вардарската регата Гемиџии наидоа на човечки останки
Според учесниците во регатата, од изминатите четирите етапи, највозбудлива била третата. Првата, пак, била највпечатлива, не само затоа што по 100 година повторно заплови велешката гемија, туку заради пронаоѓањето на човечи труп.
По изминати 130 километри низводно по реката Вардар од Велес до Гевгелија, по 16-ти пат учесниците на Вардарската регата Гемиџии допловија во неделата во Гевгелија каде што ги споделија впечатоците.
„Само што го поминавме Градско, погледот ми го привлече непријатна глетка. Гласно изреагирав, сите од чамецот бевме сигурни дека тоа е човечки труп. Ја известивме полицијата. Она што со голо око сите можевме да го заклучиме е дека станува збор за машки труп кој беше во многу напредна фаза на распаѓање“, вели еден од учесниците на Вардарската регата Гемиџии.
Од СВР Велес го потврдуваат настанот. Реагирале веднаш, по барање на Јавното обвинителство, телото е предадено во Судска медицина за обдукција. Идентитетот сé уште е непознат.
За само две седмици ова е втор човечки труп пронајден во велешкиот ревир на реката Вардар./крај/мф/ди
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

