Европа
Италијанец повторно од протест се качи на базиликата Св. Петар

Италијански претприемач кој протестира против една одлука на Европската унија во неделата по петти пат се искачи на базиликата Свет Петар во Рим.
Марчело Де Финицио во доцните попладневни часови се искачи на фронтот на фасадата од базиликата, на околу 80 метри височина, од каде висеше на јаже приврзано на статуа.
Де Финицио сега протестира против европската уредба којашто ѝ налага на Италија од 2015 година да ги дава плажите под концесија, што според него го загрозува опстанокот на одморалиштата во близина на Трст со кои тој управува. Поради ова, исто така, во знак на протест ова лето тој мина 80 дена на кран во Трст.
Претходно годинава, на крајот од март, претприемачот се искачи по четврти пат на куполата на соборниот храм Свети Петар во Ватикан, во знак на протест против економските политики на италијанските власт. Тој тогаш успеа незабележан да го мине инсталираното електронско набљудување на катедралата и специјалната ограда и со алпинистичка опрема се искачил на куполата. Потоа извади транспарент со порака до папата Франциск и италијанскиот претседател Џорџо Наполитано со молба да се ангажираат во борбата против уништувањето на социјалните добивки.
Претприемачот од Трст, Марчело Ди Финцио, со искачувањата на куполата на базиликата Свети Петар го изразува несогласувањето со економските политики на властите во економијата. Тој во октомври 2012 година остана на истото место да виси 30 часови пред пожарникарите да успеа да го симнат, протестирајќи тогаш против лиценцирањето на комерцијалните дејности на плажите, бидејќи и самиот е сопственик на локал на плажа и изнајмува чадори и лежалки./крај/мф/сн
Извор: Ansa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на подготовка за војна со Русија“ и создава „отскочна даска за напад“.
Во колумна објавена од ТАСС, Медведев ги поврза сегашните одлуки на Хелсинки со постапките на финското раководство за време на Втората светска војна, кога Финска беше сојузник на нацистичка Германија. Според него, тогашните планови за „Голема Финска“ продолжуваат и денес преку политика која, како што тврди, ја загрозува безбедноста на Русија.
„Хелсинки, под маската на „одбрана“, води конфронтациска политика на подготовка за војна со Русија, очигледно создавајќи отскочна даска за напад врз нас“, напиша Медведев.
Бази на НАТО и воени вежби во Финска
Медведев наведува дека Финска потпишала договор за одбрана со Соединетите Американски Држави според кој на американските војници им е дозволен пристап до 15 фински воени објекти. Тој, исто така, предупредува дека НАТО воспоставува командни структури во Лапонија и Микели, како и дека се градат нови касарни на места што се наоѓаат само неколку десетици километри од руската граница.
Тој ја издвои изградбата на „новата линија Манерхајм“, која ја опиша како „подготовка на воената инфраструктура за нова агресија против Русија“.
Тој, исто така, ја обвини Финска за „намерно поткопување на регионалната безбедност“ со повлекувањето од конвенцијата за забрана на противпешадиски мини. Во текстот, тој наведе и голем број големи вежби на НАТО одржани во Финска – од артилериската „Lightning Strike 24“ до претстојните маневри „Northern Star 25“ и „Atlantic Trident 25“.
Медведев потсети дека Финска му платила на СССР 226 милиони долари репарации по војната, но тврдеше дека оваа сума „ни оддалеку не ја покрива целата штета“.
Тој заклучи дека политиката на Финска на „антируска хистерија“ веќе има последици – спомена рецесија, зголемена невработеност на истокот од земјата и пад на инвестициите – и предупреди дека продолжувањето на сегашниот курс може да има драматични последици.
„Соочувањето со нас може да заврши со конечен колапс на финската државност. Овој пат, никој нема да биде толку нежен како во 1944 година“, рече Медведев.
фото: принтскрин
Европа
Терминал на лондонскиот Хитроу евакуиран поради „опасни материјали“

Терминалот 4 на аеродромот Хитроу беше евакуиран вечерва по инцидентот што пожарникарите првично го опишаа како „можен инцидент со опасни материјали“. По неколкучасовна интервенција на полицијата, пожарникарите и службите за итни случаи, терминалот беше прогласен за безбеден и повторно отворен.
Инцидентот беше пријавен околу 17 часот по локално време, а единици од Фелтам, Хитроу, Вембли и околните противпожарни станици беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани од салата за пријавување на летот на растојание од околу 150 метри од зградата, а сведоци раскажаа како тимови во заштитни одела пристигнале на местото на настанот и биле поставени паравани за заштита на приватноста.
Еден патник, Пол Скот, изјави за Скај њуз дека штотуку се пријавил кога започнала евакуацијата. „Атмосферата беше мирна, но сите бевме збунети бидејќи никој не знаеше што се случува. На луѓето им беа дадени алуминиумски ќебиња бидејќи стануваше ладно“, рече тој.
Лондонската служба за брза помош потврди дека на местото на настанот била укажана лекарска помош на околу 20 лица поради пријавени здравствени проблеми. Сепак, Метрополитен полицијата соопшти дека „не е пронајдена никаква трага од штетна супстанца“.
„Вкупно 20 лица пријавија здравствени проблеми, но ниту една од повредите не е опасна по живот, ниту има трајни последици. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата.
Аеродромот Хитроу потврди околу 18:40 часот дека салата за пријавување во Терминал 4 е затворена, а кратко по 20 часот терминалот е прогласен за безбеден и повторно отворен.
„Многу ни е жал за предизвиканиот прекин, безбедноста на патниците и персоналот е секогаш наш врвен приоритет. Правиме сè што можеме за да осигуриме дека вечервашните летови ќе полетаат според планот“, соопшти аеродромот, додавајќи дека другите терминали не биле погодени за време на инцидентот.
фото: принтскрин
Европа
Ќе се обидеме сами да произведеме патнички авион со широк труп, велат Русите

Русија планира да развие сопствен патнички авион со широк труп, бидејќи плановите за заедничко производство со Кина сè уште не се спроведени, изјави шефот на Ростек, Сергеј Чемезов.
„Кинезите одлучија дека засега ќе го произведуваат сами. Ќе се обидеме и ние да произведуваме наш сопствен авион. Откако ќе го произведеме моторот PD-35, ќе изградиме наш сопствен авион со широк труп“, им рече Чемезов на новинарите во Самара.
Русија и Кина разговараа за заедничкиот развој на руско-кинескиот широкотрупен патнички авион CR929 и во 2014 година потпишаа договор за соработка. Основана е Кинеско-руската меѓународна корпорација за комерцијални авиони (CRAIC), која стана главен оператор на проектот.
Комерцијалните испораки требаше да започнат по 2025 година, но пандемијата на Ковид ги принуди партнерите да го одложат рокот за 2028 или 2029 година. Нова пречка беа западните санкции врз Русија, кои го променија форматот на соработка. Кина го презеде проектот, а Русија стана договорен производител само на одредени делови од авионот.
„Го променивме форматот на учество во проектот, па затоа се потребни соодветни промени и во меѓувладините документи. Со други зборови, приближно како во проектот за хеликоптери, односот ги вклучува клиентот и подизведувачот“, објасни првиот вицепремиер на Русија Денис Мантуров пред новинарите во мај 2024 година.
фото: принтскрин