Свет
Синагогите во САД одржуваат вежби за подготвеност по масакрот во Питсбург
Синагогата „Храм Бет Хилел-Бет Ел“ во Винвуд, Пенсилванија, за време на службите спроведува вежби со сценарија за дејствување во случај на вооружени напаѓачи за обука на верниците како да дејствуваат во случај на вистинско масовно пукање, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Овој вид обука обично вклучува акција „бегај, скриј се, бори се”, што значи дека верниците треба да изберат една од трите опции – да избегаат на безбедно место, да се скријат во некој вид засолниште или да се борат со стрелецот.
Се зборува дека некои синагови имаат и детални планови во случај на напад покрај широк спектар други безбедносни мерки усвоени по масакрот во Питсбург, во кој 11 лица загинаа во синагогата „Дрво на животот“ на 27 октомври 2018 година.
Овие постапки вклучуваат заклучување врати, зајакнување на прозорците и ангажирање на вооружено обезбедување. Според „Тајмс од Израел“, некои заедници ги поттикнале верниците да носат оружје на службите, додека други вовеле нови ограничувања.
Во меѓувреме, повеќе од 20 синагоги во областа на Њујорк одат на курсеви за самоодбрана кај Ави Абрахам, израелски експерт за боречки вештини кој ги учи „крав мага“, борбен систем дизајниран за израелските одбранбени сили (ИДФ). Курсот на Абрахам, кој, наводно, чини 1.500 до 2.000 долари, се состои од шестчасовни сесии за верниците на кои тие учат како да се борат против вооружен напаѓач.
Потребата за такви вежби станал очигледна по низата смртоносни напади во американските синагоги: на 27 октомври 2018, вооружениот напаѓач Роберт Бауерс уби 11 и повреди шест други верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, извикувајќи „сите Евреи мора да умрат” во текот на нападот. По престрелката со полицијата, Бауерс бил застрелан и уапсен.
Неколку месеци подоцна, на 27 април 2019 година – последниот ден од Пасха, 19-годишниот Џон Ернест отвори оган во синагогата „Чабад“ во Павеј, Калифорнија, при што загина еден човек, а тројца беа ранети. Ернест, за кој се вели дека бил мотивиран од нападот во Питсбург, подоцна беше уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Порошенко: Трамп ги мрази НАТО и мировните мисии на ОН
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, лидер на партијата Европска солидарност, остро го критикуваше сегашниот шеф на државата, Володимир Зеленски, оценувајќи дека направил сериозни грешки во водењето преговори со Москва. Во интервју за американскиот портал „Политико“, Порошенко изјави дека Зеленски направил грешка дозволувајќи си да биде „вовлечен во преговори без учество на Европејците“, наместо да инсистира на итно прекин на огнот.
„И покрај катастрофата во Овалната соба минатиот февруари, тој требаше да застане на својот став и едноставно да побара прекин на огнот. Тој не го разбира Путин, а не го разбира ниту Трамп“, рече Порошенко, алудирајќи на односот на сегашниот украински претседател со рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Порошенко смета дека Европската Унија мора да добие право директно да учествува во мировниот процес. Тој потсетува дека францускиот претседател Емануел Макрон веќе изнесе предлог за вклучување на Европа на преговарачката маса, но дека за тоа е потребна согласност од германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Европа има целосно право да биде на преговарачката маса; тие се единствените што во моментов обезбедуваат финансирање за Украина. Секако, без Трамп и без Америка, мировен договор е невозможен. Улогата на САД е важна, но ништо нема да се случи ниту без Европа. Тие би можеле да играат добар полицаец, лош полицаец“, рече Порошенко.
Тој особено истакна дека ако Трамп сака да постигне мировен договор, ќе мора да „премине една од своите црвени линии“ и да испрати воен контингент во Украина. Тој потсети дека во 2017 година разговарал со Трамп за можноста САД да учествуваат во мировна мисија под покровителство на НАТО или Обединетите нации, но дека оваа идеја потоа била отфрлена. „Тој го мрази НАТО. Ги мрази мировните мисии на ОН“, рече Порошенко, додавајќи дека Трамп сепак покажал интерес за време на разговорот затоа што сака да влезе во историјата како миротворец.
Европа
Анкета: Четвртина од Унгарците веруваат дека поразот на Орбан би ја турнал земјата во војна
Речиси една четвртина од Унгарците, поточно 23 проценти, веруваат дека победата на главната опозициска партија Тиса над владејачката партија Фидес на Виктор Орбан на изборите би ја фрлила земјата во војна, според анкета на институтот 21 Kutatóközpont.
Резултатите, собрани кон крајот на јануари откриваат длабока поларизација во унгарското општество. Само 54 проценти од испитаниците веруваат дека такво сценарио не може да се случи, додека преостанатите 23 проценти немаат јасен став за ова прашање.
Анализата на одговорите според партиските преференции покажува дека дури 58 проценти од поддржувачите на владејачките партии веруваат во главната порака на кампањата, според која влада предводена од Тиса би ја вовлекла Унгарија во војна. Само 15 проценти од гласачите за владејачката партија не го делат ова мислење, а 28 проценти се неодлучни. Меѓу непартиските испитаници, 17 проценти веруваат дека победата на Тиса би донела војна.
Институтот 21 Kutatóközpont прашува дали 23 проценти од целото население и 58 проценти меѓу гласачите за владејачката партија се многу или малку. „Ако го гледаме како процент на луѓе кои се согласуваат со главната порака на кампањата на Фидес, уделот може да изгледа релативно мал. Меѓутоа, ако ја земеме предвид тежината и вистинското значење на тврдењето, тогаш овој број е исклучително висок“, се наведува во анализата.
„Ако речиси два милиони луѓе можат да замислат дека Тиса би предизвикала таква штета, се поставува прашањето каде е границата и во што повеќе не може да биде убедена оваа група гласачи? Исто така, што сметаат дека е прифатлива цена за Фидес за да се спречи сценарио кое, според нив, би довело до масовно крвопролевање? Ретко некое прашање ја одразува толку добро поларизацијата на општеството.“
Анализата додава дека силата на владината комуникација е очигледна во фактот дека, покрај 23 проценти од испитаниците кои се согласуваат со тврдењето, речиси една четвртина од општеството не е имуно на него.
„Значителен дел од нив нема да излезат на гласање, но сепак дури 46 проценти од вкупното население не го смета обвинувањето за војна против Тиса за целосна бесмислица“, се истакнува во него.
Свет
Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на доживотен затвор
Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Џун Сук Џеол, беше осуден на доживотен затвор во случајот на бунт, објави Би-Би-Си.
Џун Сук Џеол беше прогласен за виновен за бунт поради обид за воведување воена состојба во 2024 година, како и за злоупотреба на службената должност, рече судијата.
Јужнокорејската полиција ги засили безбедносните мерки во близина на судот пред првата пресуда на Џеол.
Конвојот со Џун пристигна во судот околу 00:50 часот, објави Џонхап.
Специјалните обвинители побараа смртна казна, обвинувајќи го за водење бунт со прогласување воена состојба.
Повеќе од 100 негови поддржувачи се собраа пред судот, извикувајќи слогани за поддршка и мавтајќи со јужнокорејски и американски знамиња, додека околу 80 од нив одржаа целовечерен митинг барајќи негово ослободување.

