Европа
Јункер: Бегалската криза ќе трае со години, Западот мора коректно да се однесува со Русија

Бегалската криза во Европа ќе трае со години, оцени во четвртокот претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на конференцијата во германски Пасау, порачувајќи дека во врска со тоа не треба да се имаат илузии, како и дека Западот мора коректно да се однесува со Русија и да работи со неа како со рамноправен партнер.
„Оваа бегалска криза ќе трае одреден број години. Нема илузии дека ова низ што сега минуваме брзо ќе биде минато. Мораме да им кажеме на луѓето дека ова не е нешто минливо, привремено, ќе мораме долго да живееме со овој проблем“, изјави рече Јункер истакнувајќи дека само во Африка има 8,5 милиони беглаци кои би можеле да се решат да се упатат кон Европа.
Осврнувајќи се на Унгарија, којашто на своите граници подигна ограда за да ги сопре имигрантите, претседателот на Европската комисија рече дека на Европа не ѝ се потребни ѕидови. „Во Европа не ни се потребни нови ѕидови (…), а сигурно не меѓу државите членки на Европската унија“, порача Јункер.
Тој во Пасау, на германската граница со Австрија, посети прифатилиште за бегалци. Пасау е една од главните точки за влез на бегалците во Германија.
Челникот на Европската комисија се заложи и за подобри и коректни односи со Русија, нарушени на најниското ниво од крајот на Студената војна поради украинската криза.
„Мораме да вложиме напори во развојот на практичните односи со Русија. Тоа не е привлечно, но мора да биде така, вака не можеме да продолжиме“, рече Јункер.
Со Русите треба коректно да се однесува. „Русија сака да биде третирана како рамноправна и тука Русите се во право“. Меѓутоа, во однесувањето на Москва некои работи „не минуваат“. „Начинот на кој постапи во случајот на Крим, во случајот на источна Украина, тоа не може да мине“, рече Јункер.
„Во текот на разговорите со претседателот Владимир Путин дознав дека тон не дозволува фрази, како на пример кога Барак Обама вели дека Русија е регионална сила. Што тоа значи? Не можете да говорите за Русија во таков тон. Мораме, искрено велам, соодветно да се обраќаме кон Русија. Со неа треба да се разговара како со рамноправен партнер“, изјави Јункер, пренесува AFP./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.