Црна хроника
Притворен директорот на битолската пошта

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(43) од Битола, директор на Македонска пошта АД Скопје – Подружница Битола, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично „Злоупотреба на службена положба и овластување.
Пријавениот во својство на директор на Македонска пошта АД Скопје – Подружница Битола, во периодот од јули до август 2012 година, ја искористил својата службена положба при што им наредил на вработени во Пошта Битола да извршат утовар на основни средства во мензата, кујна и бифе, во камион кој претходно го обезбедил и продуктите ги однел во непознат правец, со што нанел штета на Македонска пошта АД -Скопје во вкупен износ од 486.741 денари.
Од страна на СВР Битола сторителот со кривична пријава е предаден на Истражен судија при Основен суд Битола кој му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.