Регион
Згаснува Танјуг, на вработените само отпремнини

Новинската агенција Танјуг, официјално престана да постои на 31 октомври, кога е избришана од регистерот на Агенцијата за трудови регистри, јавува B92.
Вработените ќе добијат отпремини и октомвриските плати, пишуваат белградските медиуми во среда.„Официјално не сме известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг официјално престанала да постои и дека на вработните ќе им биде исплатена октомвриската плата, како и дека сите вработени ќе добијат отпремнини според закон. Висината на отпремнините се уште не е дефинирана, затоа што има различни решенија и сето тоа мора да се усклади“, вели за весникот Данас, претседателот на Синдикатот на Танјуг, Марко Драгишиќ. Тој додава дека 180 вработени ќе бидат упатени на бирото за вработување.Прашан дали Танјуг се гаси за да се отвори нова агенција под Владата, со многу помлаку вработени, Драгишиќ вели дека нема таква информација, но дека има сознанија дека Владата на Србија на седница би требало да расправа за Танјуг.„Заклучоците од тој состанок не мора обавезно да бидат соопштени, но сигурно ќе се најде на страниците на Службениот весник“, вели Драгишиќ.Весникот Блиц на своето интернет издание пишува дека Владата донела уредба за гасење на Танјуг, врз основа на која вработените ќе ги добијат сите плати, а имотот на Танјуг ќе премине во Дирекцијата за имот.Рокот за приватизација на 73 медиуми истече на 1 ноември, а нови сопственици добија само 36.Останатите медиуми, за кои немало заинтересирани, треба во наредниот месец да им понудат бесплатни акции на вработените. Доколку тие ги одбијат акциите, како што налага законот, тој медиум се гаси.Здружението на новинари на Србија соопшти дека се запрепастени од тоа што на вработените на танјуг не им е овозможено да го остварат своето право на пренос на капиталот без надомест.Според толкувањето на Владата, кое здружението го добило неофицијално, со престанок на важењето на Законот за новинската агенција Танјуг, на 31 октомври 2015 година, формално-правно престанува да постои националната агенција, па и сите права на пренос на капиталот без надомест на кои вработените до тогаш имале право.Агенцијата Танјуг е основана на 5 ноември 1943 година./крај/б92/бб
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.