Црна хроника
Малолетен мотоциклист од Битола тешко повреден при судир со грчки автомобил

На улицата Гоце Делчев во битолското село Кравари во попладневните часови на 4 јули се случила сообраќајна незгода во која со тешки повреди се здобил малолетник од селото.
Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила помеѓу автомобил „хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управуван 59-годишен Грк и мопед „јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кравари.
Притоа, од судирот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против полицаец: дозволил привремен престој на седум странски државјани иако биле ризик за државата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Исток, во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи и на седум странски државјани апликанти издал решенија со кои им се одобрува правото на привремен престој на територија на државата, и покрај тоа што по извршени безбедносни проверки било утврдено дека претставуваат закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија.
Црна хроника
Уапсена жена од Скопје: агресивно се однесувала кон полицајци што вршеле службени дејствија

Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.Д. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривична против кумановец: не застанал на знак за запирање и се обидел да ги прегази полицајците

СВР Битола поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници.
Набргу бил фатен и лишен од слобода.