Црна хроника
Бугари краделе од џебови по автобуси
Двајца бугарски државјани краделе од џебови по автобуси и против нив се поднесени кривични пријави и протерани се од Македонија.
Кражбите ги извршиле на пладне во автобуси во скопските населби Центар и Аеродром и украле околу 4.000 денари и документи. Искористувајќи ја гужвата ја протнувале раката во чантите и краделе паричници и лични документи .По втората кражба се симнале од автобус на автобуската постојка наспроти ТЦ Скопјанка и паричниците ги фрлиле во канта за ѓубре. Ги забележале полицајци кои при проверка во кантите за смет ги пронашле паричниците. Крадците кога сфатиле дека ги виделе полицајци избегале, но набргу биле фатени. Украдените документи и паричници им вратени на граѓаните. Судија на претходна постапка одредена им е мерка една година затвор, условно за 3 години, лицата се протерани и им е забранет влез во Македонија во времетраење од пет години./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

