Црна хроника
Дрпљанин осуден на доживотен затвор, мајка му тврди дека „не згазнал ни на мравка“

Алмир Дрпљанин е осуден на доживотен затвор за нападот врз патролата на припадниците на мобилната „Алфа“ единица кај Природно математичкиот факултет во Скопје во ноември 2008 година, во кој беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца негови колеги за влакно ја избегнаа смртта, но останаа тешки инвалиди.
При изрекувањето на пресудата, Дрпљанин не покажа никакви емоции, а во судницата беа присутни членови на неговото семејство кои накратко се поздравија со него по изрекувањето на пресудата, плачејќи.
Адвокатот на обвинетиот, Асмир Алиспаиќ тврди дека Дрпљанин не бил во Македонија кога се случило убиството, дека е осуден без докази и најави жалба на пресудата до повисоките судски инстанци. При образложувањето на пресудата, судијата Владимир Туфегџиќ рече дека при носењето на пресудата се земени во предвид и отежнителните и олеснителните околности. „Секој акт на напад врз полицијата, значи акт на напад врз државата“, рече Туфегџиќ кој потсети на се што се случувале за време на повтореното судење за овој случај, како и за нападот којшто се случи пред осум години.Во текот на судењето одбраната извршила увид во списите на предметот и во текот судењето тврдела дека Дрпљанин не бил во Македонија кога се случил нападот. Судот побарал одбраната да достави доказ за тоа тврдење, но одбраната на обвинетиот никогаш не доставиле никаков доказ дека Дрпљанин не учествувал во нападот ниту пак некој друг доказ кој би ја сменил фактичката состојба. Меѓу доказите е и исказот на Дејан Спасовски кој имал работилница за изработка на регистерски таблици, кој според судијата, потврдил и го посочил обвинетиот дека токму тој ги нарачал регистеските таблици кои биле на „голфот“ со којшто беше извршен нападот врз „аллфите“.„Самиот чин на нарачка на регистерските таблици е подготовка за претходно разработениот план за убиството. Обвинетиот не само што бил на самото место на настанот, туку преземал и дејствија“ , рече судијата Туфегџиќ.Одбраната пак тврди дека сведокот Дејан Спасовски не можел со сигурност да каже дека Дрпљанин ги нарачал регистерските таблици и дека при сведочењето не го препознал. Според Алиспаиќ, Дрпљанин нарачуван регистерски таблици од таа работилница, но пред 2006 година.„Во својата одбрана Алмир децидно објасни дека од 2006 година живеел во градот Тутин, Србија во областа Санџак, а потоа поради неговата работа се преселил во Косово“, рече неговиот адвокат Асмир Алиспаиќ кој додаде дека двајцата осудени за истиот напад изјавиле дека не го познавале Дрпљанин.Според него, доживотната затворска казна е превисока и неоснована и најави жалба до Апелациониот суд, па дури и до, како што рече, Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Мајката на Дрпљанин, Хајра Дрпљанин, тврди дека нејзиниот син е невин.„Ова е голема неправда. Тоа дете не згазнало ниту мравка. Но има Господ. Да им се врати на најмилите на тие што му го направија ова на моето на моето дете“, рече таа.Пред осум години на паркингот кај ПМФ, додека тројца припадници на специјалната единица „Алфа“ патролирале со службениот автомобил беа нападнати од лица во автомобил „голф“. Според судот, во „голфот“, освен Алмир Дрпљанин биле и Керим Реџаил, Исмет Агим и уште две непознати лица. Сите заедно со автоматски пушки испукале 70 проектили кон „алфите“, при што Африм Арифи почина на лице место, а другите двајца припадници на специјалната единица беа изрешетани во главата, вратот, рбетот и со тешки повреди го преживеаја нападот. Двајцата учесници во настанот се осудени за овој напад, додека Дрпљанин иако во 2010 година беше осуден на доживотна казна затвор во отсуство, судењето за него се повтори и Судот ја потврди претходната казна./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 157 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж изгоре во пожар во кочанското село Грдовци

Рано утрово околу 6 часот и 25 минути во полиција било пријавено дека во кочанското село Грдовци настанал пожар во куќа во сопственост на 48-годишниот А.J.
Откако интервенирала противпожарна екипа, В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во медицинскиот центар во Кочани за укажување лекарска помош, додека кај А.Ј. била констатирана смрт.
Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Казнети 202 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 19 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за користење мобилен телефон. Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот