Регион
Династијата Мицотакис повторно на чело на Грција каде е влијателна повеќе од еден век

Претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, потомок на една од највлијателните грчки политички династии, ќе стане нов премиер откако неговата партија ја победи владејачката Сириза на парламентарните избори.
Педесет и едногодишниот претседател на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, е економист и се смета за современ политичар од нов ков. Денеска се очекува да положи заклетва за нов грчки премиер.
Во текот на предизборната кампања Мицотакис настојуваше да се насочи кон проблемите на работниците, промовирајќи притоа подобро работно опкружување, намалување на даноците и модернизација на грчкиот бирократски систем.
Што се однесува до преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, тој рече дека договорот кој им е претставен на Грците е многу проблематичен.
„Конкретно мислам на комбинацијата на името кое е избрано со признавање македонска нација и акедонски јазик. Сметаме дека оваа комбинација може да биде многу проблематична. Таа има потенцијал да оживее некои националистички тенденции, а тоа не оди во корист на денешните обиди за обезбедување мир и стабилност на Балканот“, изјави Мицотакис.
Семејството Мицотакис е едно од трите најмоќни политички семејства во Грција, пишува „Танјуг“.
Влијателно е повеќе од еден век, а Кирјакос Мицотакис е потомок на познатиот Елефтериос Венизелос.
Во регионот особено е познат таткото на Кирјакос, Константин Мицотакис, кој беше грчки премиер во раните 1990-ти.
Тој посредуваше во барањето мирно решение за војната во поранешна Југославија. Живееше 99 години.
Од четирите деца на Константин Мицотакис, двајца се добро познати политичари.
Неговата ќерка, Дора Бакојани, поранешна шефица на грчката дипломатија, сега е пратеник на Нова демократија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.