Европа
Уредништвото на Bloomberg бара Јункер да си поднесе оставка
Уредништвото на влијателниот финансиски медиумски сервис Bloomberg во колумна побарало претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер веднаш да си поднесе оставка.
Уредништвото на влијателниот финансиски медиумски сервис Bloomberg во колумна побарало претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер веднаш да си поднесе оставка.
Барањето следи откако минатата недела беа објавени голем број на документи кои покажуваат како големите меѓународни корпорации, со помош на луксембуршките власти со години избегнувале плаќање на данок, во период додека Јункер бил премиер на оваа земја.
„Јункер на тој начин ја збогати својата земја, извлекувајќи пари од џебовите на другите држави, вклучувајќи ги и членките на Европската унија, на кои сега тој треба да им служи“, порачале уредниците на Bloomberg, укажувајќи дека позицијата на Јункер на чело на ЕК станала неодржлива поради морални причини.
Пратеничката група на социјалдемократите и либералите во Европскиот парламент (ЕП) минатата недела покренале иницијатива за Јункер да излезе пред пратениците и да ја објасни својата улога во масовното избегнување на плаќање на данок преку регистрирањето на фиктивни фирми во Луксембург, но партиите на десниот центар, најсилната група во ЕП, го блокирале ова.
Од избивањето на скандалот Јункер се нема појавено во јавноста, но преку својот портпарол порачал дека совеста му е мирна и дека слична пракса постои во многу други земји, додавајќи дека надлежните тела на ЕК ќе истражат дали европските закони биле прекршени.
Уредниците на Bloomberg меѓутоа сметаат дека Јункер мора да си замине, дури и ако се востанови дека сè било според законот.
„Со оглед на тоа што Јункер е на чело на надлежното тело за таа истрага, јавноста нема да поверува во резултатите, доколку тие бидат ослободувачки“, порачале уредниците.
Скандалот го погоди Јункер веќе во првата недела од неговиот петгодишен мандат, а многумина укажуваат дека тој сигурно не би бил избран за претседател на Комисијата, доколку документите од Луксембург се појавеле само неколку дена порано./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“
Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“. Нападот наводно се случил во близина на селото Казински Виселки на делницата Таганрог-Липецк од нафтоводот, а бил предизвикан од далечински активирана експлозивна направа, објави „Киев пост“.
Службеник на ХУР, запознаен со операцијата, објасни дека уредот бил опремен и со запаливи смеси за интензивирање на пожарот. Кратко по силната експлозија, локалните жители пријавиле блесоци на светлина, а за неколку минути, видеа и пораки се појавија на регионалните социјални мрежи.
On December 1, the “Druzhba” oil pipeline was blown up in Russia.https://t.co/eX9LDzjS4s pic.twitter.com/hUj2l39ycb
— Babel.ua: Ukraine at war (@UaBabel) December 3, 2025
Нафтоводот „Дружба“, еден од најголемите во светот, е клучен за транспорт на руска сурова нафта до неколку земји од Европската Унија. И покрај санкциите, делови од нафтоводот остануваат оперативни, дозволувајќи ѝ на Москва да генерира милијарди приходи за да ја поддржи својата воена кампања во Украина.
Извештајот за нападот доаѓа во време кога Киев ја засилува својата кампања против руската нафтена инфраструктура. Во последните недели, танкери за нафта кои се обидуваат да ги избегнат санкциите беа цел и во Црното Море. Разузнавачки извор изјави дека нападите врз руската нафтена инфраструктура ќе продолжат сè додека таа ги финансира воените напори на Москва.
💥 Russia: Unecha oil pumping station in Bryansk region struck again by Ukraine. Annual pumping capacity of 60 million tons of crude oil, critical hub on the Druzhba pipeline that goes to Europe.
No more Russian blood oil for Hungary and Slovakia. pic.twitter.com/MgFOmiPOtM— Igor Sushko (@igorsushko) August 21, 2025
„Руската нафтена мрежа, која ја финансира државата агресор и нејзиниот воено-индустриски комплекс, ќе продолжи да гори сè додека непријателот не престане да ја напаѓа Украина“, рече лице запознаено со операцијата.
Ова не е прв напад врз овој стратешки важен нафтовод. На 22 август, Украина ја нападна најголемата руска пумпна станица за нафта во рамките на системот „Дружба“, која се наоѓа во градот Унеча во Брјанската област. Унеча, која се наоѓа на четириесет километри од украинската граница, е најголемиот центар на системот „Дружба“ и игра клучна улога во снабдувањето на рускиот воено-индустриски комплекс.
Европа
(Видео) Експлозии во Чеченија: уништена базата на единицата „Ахмат“, погодена зграда на ФСБ
Во пресрет на мировните преговори во Москва вчера, украински беспилотни летала нападнаа база на руските специјални сили и зграда на разузнавачката служба ФСБ во Чеченија. Базата на единицата „Ахмат“ во Гудермес беше потресена од силна експлозија вчераутро, а снимките кружеа на интернет и покажуваа густ чад и пламен како се извишуваат над комплексот.
Елитната паравоена сила „Ахмат“ е лично лојална на лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, и е вклучена во борбите на фронтовските линии во Украина, вклучително и во Харков и во Донецк.
🔥 A military base of one of the Akhmat units in Gudermes, Chechnya, was attacked.
💥 Also, FSB building in Achkhoy-Martan, Chechnya, was attacked. pic.twitter.com/DviFjx51d4
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 2, 2025
Во одделен инцидент дрон ја оштети и канцеларијата на ФСБ во Ачка-Мартан, а фотографиите на социјалните мрежи покажуваат скршени прозорци и остатоци надвор од зградата. Нападнат е и танкер под руско знаме што превезувал сончогледово масло од Русија до Грузија, што е четвртиот ваков инцидент покрај турскиот брег за една недела. Украина официјално не ја презеде одговорноста за ниеден од нападите, објавува „Телеграф“.
Во меѓувреме, руска балистичка ракета погоди индустриска зона во реката Днепар во источна Украина во понеделникот, при што загинаа четири лица, а 40 беа ранети, според локалните власти.
🚨🇷🇺—Also happening yesterday, there was a strike on the military base of one of the divisions of Akhmat in Gudermes, Republic of Chechnya, Russia. (seen in the video below).
On the same day there was a strike on an FSB office in Achkhoy-Martanovsky district of the Republic of… pic.twitter.com/FTibpo02w8
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) December 3, 2025
Нападите се случуваат во време на засилени дипломатски напори предводени од САД за наоѓање мирно решение. Стив Виткоф, специјалниот претставник на Доналд Трамп, пристигна во Москва вчера на неговата шеста средба со Владимир Путин оваа година. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски е во прва посета на Ирска по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во обид да обезбеди дополнителна поддршка од европските сојузници.
Европа
Поранешната портпаролка на Зеленски: Јермак е многу опасен, се плашам
Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го опиша поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, како многу опасна личност и рече дека се плаши за својот живот поради него.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Јермак, кој се сметаше за втора највлијателна личност во земјата, минатиот петок. Јермак остана без работа откога антикорупциските власти извршија рација во неговиот дом под сомнение за проневера во државната компанија „Енергоатом“, случај што ја преокупира украинската јавност со недели.
„Во моментот, додека го кажувам ова, исплашена сум и секој ден се молам и му благодарам на бога што сум жива бидејќи Андриј е многу опасна личност. Тој е многу опасна личност. И оние што го познаваат ќе разберат“, изјави Мендел за Радио Слободна Европа.
„Тој има влијание врз спроведувањето на законот“
Кога ја прашаа од што точно се плаши, Мендел одговори дека Јермак има многу можности, објави „Украинска правда“.
„Од основната кампања за клевета со користење политички средства, фрлање секакви обвинувања против секој што е против него, нарекувајќи ги проруски, предавници и така натаму, до фактот дека тој има одредено влијание врз спроведувањето на законот, каде што кривични случаи се отвораат од никаде“, објасни таа.
„Една службеничка, кога си заминуваше, пушеше цигара и се тресеше. Ме погледна и рече: ‘Јулија, не се третираат луѓето така’. И верувајте ми, многу луѓе си заминале така и многу животи се уништени поради Андриј“, продолжи таа.
Мендел тврди дека во 2019 година Јермак прашал еден американски политички стратег како би можел да стане претседател.
„Од 2019 година Андриј гради своја структура на моќ. Знам дека во 2019 година, Андриј Јермак, додека бил во Соединетите Американски Држави, разговарал со политички консултант и го прашал како би можел да стане претседател на својата земја. Значи, амбициите на Јермак се огромни“, тврди таа.
Таа забележала дека Јермак често го мамел претседателот искривувајќи ги информациите што му ги пренесувал на Зеленски или презентирајќи ги на начин што му бил поволен. Таа нагласила дека тој бил оној што го убедил Зеленски дека нема да се случи целосна инвазија.

